Microsoft под истрага во САД за поткуп и корупција во Унгарија при продажба на софтвер?!
Објавено на од во Економија

MirkosoftАмериканскиот технолошки концерн Microsoft Corp. е под истрага од американските власти за потенцијален поткуп и корупција, поврзани со продажбите на софтвер во Унгарија, пишува американскиот весник Wall Street Journal, повикувајќи се на анонимни извори запознаени со истрагата.
Во рамки на истрагата се прават многу проверки на бизнис партнерите на Microsoft  и во уште пет други земји.
Мајкрософт направи големо зголемување на продажбата во изминатата деценија да се прошири на пазарите во развој, како и во помалите земји со средно ниво на приходи како Унгарија.
Американското Министерство за правосудство и Комисијата за хартии од вредност истражуваат како Microsoft продавал софтвери како Word и Excel, на фирми посредници во Унгарија, кои потоа ги продавале тие софтвери на државни агенции во текот на 2013 и 2014 година.

Microsoft продала некои од производите на тие посредници со големи попусти, а фирмите посредници ги препродавале софтверите на унгарските власти по цена блиску до полната цена, велат извори за Wall Street Journal. Истрагата испитува дали посредничките компании ја искористиле разликата за да плаќаат поткупи на високи функционери од власта.

Microsoft изјави дека и самата набрзо направила истрага со која станало извесно за потенцијалните злоупотреби за операциите во Унгарија во текот на 2014 година, изјавуваат од компанијата Microsoft за американскиот весник.

“Ние сме ангажирани со етички деловни практики и нема да правиме компромиси околу овие стандарди”, се вели во соопштението на Мајкрософт, во кое компанијата тврди дека билеотпуштеничетворица членови на персоналот во врска со истрагата во Унгарија, вклучувајќи го и менаџерот на компанијата во Унгарија, Иштван Пап. Компанијата тврди дека минатата година ги прекинала бизнис врските со четворицата партнери во Унгарија, тврдејќи дека ја прекршиле политиката на Мicrosoft.

Американските власти имаат широка надлежност да ги истражуваат тврдењата за корпоративни поткупи и корупција во странство во согласност со американскиот Закон за странски практика за корупција, кој им забранува на претпријатијата да плаќаат поткупи за да ги зголемат профитите и продажбите на бизнисите.
.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×