Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека на утрешниот трилатерален состанок на Србија, Унгарија и Кина ќе се разговара за изградбата на брзата пруга Белград – Будимпешта и дека при тоа ќе се разгледа можноста за вклучување и на Северна Македонија и Грција во овој проект.
pruga„Ќе разговараме со Северна Македонија и со Грција за да видиме да се приклучуваат кон овој коридор, бидејќи не е доволно да имаме само модернизирана пруга со која ќе се вози со 200 километри на час од Белград до Будимпешта, ако тоа го немаме низ целата делница, бидејќи овој проект е дел од проектот „Еден појас, еден пат““, изјави Михајловиќ за Радио Телевизија Србија.
Таа додаде дека во интерес на Србија е да ги натера сите да бидат дел од овој проект.
„Се надеваме дека ќе има интерес и тоа всушност би бил вистински коридор“, потенцира Михајловиќ.
Српската министерка изјави дека вредноста на оваа железничката пруга од Белград до границата со Унгарија изнесува околу две милијарди долари, а целата пруга до Будимпешта чини околу четири милијарди долари, како и дека тоа е најголемиот инфраструктурен проект во овој дел на Европа.
Михајловиќ додаде дека работите во Србија се во согласност со планот и дека „српската страна оди неколку чекори побргу“, додавајќи дека делницата Белград – Стара Пазова би можела да биде завршена до септември следната година, додека на почетокот на 2021 година би требало да заврши изградбата делницата Стара Пазова – Нови Сад, а градбата на делницата Нови Сад – Суботица ќе почне наскоро. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×