Миленијалците живеат во поголема несигурност и со поголеми долгови од своите родители
Објавено на од во Економија
За 30 години, процентот на средната класа како дел од населението се намали од 64% на 61%. ОЕЗР бара подеднаква распределба на приходите во услови на глобализација.
MilennialsПоколението Y (или милениjaлците) ја плаќаат цената на силниот притисок на средната класа од последните 30 години и добива по малку стабилни работни места од претходните поколенија, објави Организацијата за економско здружување и развој (ОЕЗР), цитирана од агенциите “Франс прес” и ДПА.
Денес, средната класа е повеќе како брод кој се чини дека лебди во бурни води, според генералниот секретар на ОЕЗР, Ангел Гурија, цитиран во соопштението за извештајот презентиран со Програмата за развој на Обединетите нации во Њујорк.
“Под притисок: средната класа ја губи брзината”, студијата заклучува дека во земјите од ОЕЗР, 70% од генерацијата на бејби-бумери, родени по Втората светска војна, успеале да влезат во средната класа, а кај миленијалците бројката изнесува 60%.
Генерацијата на “бејби-бумерите” беше фаворизирана од повеќе стабилни работни места во активниот живот во споредба со помладата генерација, дополнуваат авторите од ОЕЗР. Тие го констатираат и слабеење на економското влијание на средните класи од средината на 80-тите години.
“Нивните приходи се зголемија сосема малку во земјите од ОЕЗР, а трошоците на средните класи се зголемија повеќе”, нагласуваат експертите од ОЕЗР, прецизирајќи дека секое петто домаќинство од оваа социјална категорија трошат повеќе од примањата.
Оваа ситуација е уште позагрижувачка,ако се има предвид дека презадолженоста на генерацијата Y е поголема отколку во повисоките и пониските класи. Во текот на изминатите две децении, цените на куќите се зголемија трипати повеќеод просечниот приход на домаќинствата, велат од ОЕЗР.
За 30 години, процентот на средната класа како дел од населението се намали од 64% на 61%. ОЕЗР бара подеднаква распределба на приходите во услови на глобализација.
ОЕЗР потсетува дека средните класи се клучни за економијата. Тие ја поддржуваат потрошувачката, стимулираат значителен износ на инвестиции во образованието, здравството и домувањето и играат исклучително важна улога во социјалната заштита како даночни обврзници.
Владите треба да вложат повеќе напори и треба да ги слушаат грижите на граѓаните, но исто така да го заштитат и да го подигнат стандардот на живеење на средната класа, вели Гурија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×