Милијардерите годинава заедно осиромашиле за 19 милијарди долари, покажува соодветниот Bloomberg индекс
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поради падот на берзите и на цените на суровините, новиот Bloomberg индекс на милијардери загубил на вредност првпат од 2012 година. Податоците покажуваат дека 400 богаташи годинава заедно осиромашиле за 19 милијарди долари. Ова е прв годишен пад според ова мерило, од неговото воведување пред три години, а што ги опфаќа луѓето кои контролираат имот од 3,9 илјади милијарди долари. Ова е поголема сума од вредноста на економиите на сите држави на светот, со исклучок на САД, на Јапонија и на Кина.

Причините за намалување на богатството на луѓето од инексот на Bloomberg се бараат во овогодинешните случувања на најзначајните светски берзи, во падот на цените на суровините, особено на нафтата, слабата лична потрошувачка во многу држави, и економското забавување на Кина. Најголема жртва на овој комплекс од причини е мексиканскиот милијардер Карлос Слим, кој во 2015 година загуби 20 милијарди долари откако се смени регулативата на телекомункацискиот пазар во Мексико со што му беше укинат монополот. Легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет е втор по загубата во 2015 година, која кај него изнесува 11,3 милијарди долари. Неговиот конгломерат Berkshire Hathaway забележа прв годишен негативен резултат по четири години. Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, годинава загубил три милијарди.

Троецот Слим-Бафет-Гејтс заедно загубиле 34 милијарди долари. Добра вест за 400-те милијардери е сепак тоа што оваа сума е помала од 43-те милијарди долари што ги заработиле двајцата уверливи добитници на листата – сопственикот на Amazon, Џеф Безос, и сопственикот на Inditex (Zara), Амансио Ортега. Безос со годинешниот подем на акциите на Amazon за 117,5%, го удвои своето богатство за 31 милијарда долари, на 59,3 милијарди. Ортега во 2015 година се збогатил за нови 12,1 милијарди долари, и сега располага со 73,2 милијарди. Основачот на Facebook, Марк Закерберг, годинава заработил 12 милијарди.

Меѓу губитниците милијардери, најголеми флуктуации имало меѓу Кинезите. На почетокот на 2015 тие биле застапени меѓу 400-те најбогати со 23 имиња со вкупен имот од 205 милијарди долари. На врвот што беше достигнат на 27 мај тие беа 31, а вредеа 348 милијарди. Со пукањето на берзанскиот меур и со падот за 40% бројот на кинески милијардери на крајот на годинава падна на 28, со имот од 256 милијардуи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×