Американскиот магазин Time повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“.
Нови газди на магазинот се коосновачот на Salesforce.com, Марк Бениоф и неговата сопруга кои за Time платија 190 милиони долари.
Во изјава за медиумите, корпорацијата „Мередит“ појасни дека новите сопственици „нема да бидат вклучени во секојдневните активности или новинарските одлуки”.
Договорот би можел да се склучи во рок од еден месец, но прво мора да добие регулаторно одобрување.
Бениоф, кој е претседател, главен извршен директор и ко-основач на фирмата Salesforce.com – рече дека тој и неговата сопруга имаат огромна почит кон организацијата на магазинот и неговиот препознатлив бренд.
„Моќта на Time отсекогаш била во неговото уникатно раскажување приказни за луѓето и прашања што влијаат на сите нас, но и нè поврзуваат“, објасни Бениоф.