Милион евра субвенции поддршка за економично и еколошко греење
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

За печки на пелети граѓаните може да добијат субвенции и преку Министерството за економија.

4.10.pecki-peleti

За печки на пелети граѓаните може да добијат субвенции и преку Министерството за економија, a жителите на Скопје кои ќе изберат да се греат на печки на пелети или инвертери можат да добијат поддршка од Град Скопје.

Секој граѓанин кој ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари. Условите ќе бидат објавени во огласот.

Досега субвенционираше купување печки на пелети, а граѓаните веќе ќе можат да добијат поддршка за греење на инвертер-клима. Огласот се очекува да биде објавен в понеделник, по што ќе може да се пријават заинтересираните граѓани.

Одлуката да се субвенционираат овие посовремени уреди е донесена врз основа на анализа на Градот што покажува дека интересот кај граѓаните е голем, а со цел да се намалат трошоците на оние што ќе одлучат да го одберат овој начин на затоплување.

За оваа мерка годинава во буџетот на Град Скопје се предвидени 20 милиони денари, а пак за пелети се предвидени 15 милиони денари.

Јавниот повик е веќе објавен во јануари, а ќе трае до 30 ноември 2019 година.

Барање за оваа програма може да поднесат барање граѓани кои имаат купено печка на пелети од 7 ноември 2018 година до денот на завршување на повикот. Според условите во огласот, предвидено е да им се надоместат 70% од вредноста, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Повикот се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“

За купување печки на пелети, за годинава се предвидени 20 милиони денари а ќе се распределуваат во зависност од пристигнатиот број барања, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство.

Субвенците ќе важат за граѓани кои што досега не користеле средства од Буџетот на Република Македонија за купување печки на пелети во својот дом и за оние кои веќе имаат купено тпечка на пелети во периодот од 1 јануари 2019 година до завршување на јавниот оглас,

Јавниот оглас ќе биде објавен во третиот квартал од 2019 година и ќе биде отворен во времетраење од 30 дена.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×