Милионска помош од европските фондови останува неискористена
Објавено на од во Економија

jcСлабиот капацитет на институциите и мрзеливоста на граѓаните се главна причина

Влезот во Европската Унија ќе значи отворање на европските фондови и многу европски пари што ќе можат да ги користат македонските институции и граѓани – овој аргумент е еден од главните што поддржувачите на интеграциите го користат кога ги презентираат придобивките од членството во европското семејство. Но, Северна Македонија веќе има на располагање европски пари преку програмите за претпристапна помош. Нашата анализа покажа дека проблемот е што овие пари не се целосно искористени поради слабиот капацитет на институциите, недоволната информираност на граѓаните, а тука, се разбира е и неминовниот аспект на корупција.

Двесте шеесет илјади евра дневно, или околу 100 милиони евра годишно има Северна Македонија на располагање од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија, или скратено ИПА. Од овие речиси милијарда евра што ѝ ни се дадени како помош на земјава и тоа преку две програми, едната од 2007 до 2013 година, и тековната, којашто почна во 2014 и ќе трае до следната година, земјава преку три компоненти искористени се само 527 милиони евра, што е малку повеќе од половина.
Од овие пари, 326 милиони евра се европски грантови, додека остатокот (201 милион евра) се обезбедени од нашиот државен Буџет.
Овие фондови се поделени во пет компоненти: транзициска помош и институционална надградба; прекугранична соработка; регионален развој; развој на човечки ресурси и рурален развој.
Секторот за финансирање и склучување на договори во рамките на Министерството за финансии управува со проектите од три компоненти – ТAIBТАИБ, регионален развој и развој на човечки ресурси.
Со европските пари спроведени се 415 проекти, а најголема искористеност на фондовите, има во делот наво компонентата за регионален развој, преку која се финансирани проекти во транспортот и животната средина. Автопатната делница Демир Капија – Смоквица, како еден од најголемите проекти, но и десетици други, претставуваат зрела листа на проекти и одлична основа за апсорбирање на што повеќе средства од вториот програмски период, велат од Финансии:
„Во однос на ИПА 1 чијашто реализација на проектите заврши на крајот на 2017, можеме да кажеме дека особено при крајот на 2017 се подигна степенот на реализација на овие фондоци и ние правиме се’ за да го подобриме искористувањето и понатаму. Секако дека постојат работи што можат дополнително да се поодбрат и ние ќе бидеме задоволни со целосна апсорпција. Во поглед на квалитетот на овие фондови, тие се драгоцени за земјата, оти тоа се пари на даночните обврзници на ЕУ што доаѓаат тука во форма на грантови и помагаат за многу важни работи. Ние како министерство имаме одлична соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје и со луѓето од Европската Комисија во поглед на поддршка за спроведување на вакви проекти“ вели министерот за финансии Драган Тевдовски.
12jИако од Финансии велат дека засега не може да се измери степенот на искористеност на тековната IPA ИПА-програма, министерот очекува да се реализираат што повеќе проекти финансирани со европски пари.
За голем број тендерските постапки се во тек или пред започнување, и најголемиот дел од нив ќе се спроведуваат до 2025 година. Ефектите, додава министерот, се трансформирање на администрацијата и прифаќањето на европските стандарди во работењето и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.
„На крајот главни корисници на овие срества што доаќаат од ЕУ се граѓаните бидејќи кога се гради на пример подобар пат добиваат тие, или кога се инвестира во некоја прочистителна станица тоа директно влијае за подобрување на животната средина. Во моментов ЕУ финансира ралзични пречисителни станици што опфаќаат до 100 илјади граѓани. Понатаму, кога се реконстурираат училишта, тоа значи дека дирекно нашите деца имаат подобри услови итн., итн.
Една од институциите што користат европски фондови преку ИПА е и Јавното обвинителство. Набавка на канцелариски мебел за Јавните обвинителства низ целата земја и за Министерство за правда и набавка на компјутерска опрема за обвинителствата се само последните проекти финансирани преку IPAИПА. До сега, финансирани се вкупно 10 проекти.
„Во тек е на реализаијата на ИПА 2014 што е од особено значење за нашето работење. Се работи за договор за градежни работи, адаптација и реновирање на 11 седишта на основни јавни обвинителства Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Кавадараци итн. Јавноста знае дека овие обвнинителства имаа недолични услови за работа кои всушност не овозможуваа целосна имплементација на надлежностите на Законот за ОЈО и Законот за кривична постапка, според коишто работиме“ вели Елизабета Недановска, самостоен јавнообвинителски советник за односи со јавноста
Во ревидираниот Стратешки документ на земјата за IPA ИПА II од август минатата година, Европската комисија нотира и бројни ризици во областите во кои се спроведуваат ЕУ- проектите, а кои можате да влијаат на нивното понатамошно користење. Затоа, за зголемување на влијанието, финансиската помош од ЕУ ќе се концентрира на областите каде што реформите или инвестициите се најпотребни за да се исполнат критериумите за пристап. ИПА 2 посебно да се фокусира на клучните стратешки приоритети, на зајакнување на секторскиот пристап и на обезбедување видливост на напорите на ЕУ во земјата, стои во документот.
Инструментот за претпристапна помош на земјава ѝи е на располагање до влезот во ЕУ. Кога ќе стане дел од европското семејство, земјава ќе ги има на располагање и кохезионите фондови наменети за проекти во областа на трансевропските мрежи, транспортната инфраструктура и животната средина за земјите – членки, чијшто БДП по глава на жител е под 90% од просекот на Унијата. Исто така, тогаш ќе можат да се користат и структурните фондови наменети за целите во земјоделието, за регионалниот развој, за социјалната сфера и за рибарството. Овие фондови се израз на солидарност меѓу земјите -членки и регионите во ЕУ. кои се четири до пет пати поголеми од IPA ИПА-фондовите.
10jИскористеноста на европските фондови за земјоделство расте
Во меѓувреме, нашата држава користи значајна европска помош во секторот земјоделство. Индивидуалните земјоделци и компаниите од овој сектор досега искористиле 22,4 милиони евра од европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, односно ИПАРД 2 програмата, која што трае од 2014 до 2020 година. Тоа е околу 28% од вкупно расположливите 80 милиони евра, покажуваат податоците што ги добивме од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Споредено со ИПАРД 1 програмата којашто се реализираше од 2007 до 2013 година, а македонските земјоделци на 12 јавни повици искористиле само 16 милиони евра, односно 17% од вкупната сума, сега искористеноста се зголемува.
Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството, Николче Бабовски, објаснува дека овие 22,4 милиони евра се одобрени само на три јавни повици, за неполни две години. Дека интересот на земјоделците за овие европски фондови е многу поголем покажува и вкупната сума што ја побаруваат,а надминува 55 милиони евра. Овие апликации допрва ќе се одобруваат и потоа ќе се склучуваат договори.
Бабовски вели дека Агенцијата има и капацитет и пари да ги одобри најголем дел од пристигнатите апликации.
„Ние навистина се трудиме да ги зголемиме капацитетите да ги поедноставиме процедурите за апликација, заедно со Министерството за земјоделство организираме инфо денови и работилници на коишто се обидуваме на еден пластичен начин преку примери за апликација да покажеме како треба да се подготват апликациите, што треба да содржат а воедно одговараме и на сите прашања и нејаснотии од страна на заинтересираните. Мислам дека поради тоа е толку зголемен бројот на апликации за многу поголмеа сума на побарани средства“, вели директорот Бабовски.
За искуството со аплицирањето и користењето на европските претпристапни фондови за земјоделството разговаравме со менаџерот за производство на тетовската компанија од месната индустрија, Лекер. Крсте Поповски вели дека компанијата досега два пати реализирала инвестиции финансирани со помош на ИПАРД во вредност од околу 600 илјади евра, и повторно аплицирала на последниот повик.
„Самото аплицирање за некоја од мерките на ИПАРД навистина не е наједноставно, точно е дека таа постапка е малку пообемна. Она што според нас е најважно, од нашето искуство, е оние што сакаат да аплицираат да бидат добро информирани во однос на тоа што ги очекува. Процедурата навистина трае подолго, но апликантите треба да го знаат тоа однапред и да бидат подготвени. Еднаш штом го поминете овој процес, потоа секое следно аплицирање станува и многу полесно и поедноставно. Можам да кажам дека искуството со ИПАРД многу може да помогне и како компанија да ги надгадите вашите вештини и да ве подготви полесно да може да аплицирате и за други фондови за поддршка на вашиот бизнис“, вели Крсте Поповски, менаџер на производство во Лекер.
Поповски вели дека користењето на овие фондови од ИПАРД и помогнало на компанијата да го модернизира производството и да понуди на пазарот поконкурентен производ каков што од нив очекувале потрошувачите.
„Следејќи ги барањата на самите потрошувачи, во самиот процес на производство увидовме дека постојано имаме потреба од воведување на нови технологии, машини и опрема, со цел да создадеме подобар и поквалитетен производ што ќе биде и поконкуентен на пазарот. Всушност на пазарот се натпреваруваме со големи компании од оваа индустрија така што искористувајќи ги овие средства од европските претпристапни фондови успеавме да го модернизираме производството за да не заостануваме со технологијата што ја имаат големите производители“, истакна Поповски.
Дека ефектите од искористувањето на европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, се огромни не само за компаниите од овој сектор и индивидуалните земјоделци, туку и за целата економија, зборува и директорот на Агенцијата, Бабовски.
„Со самото стекнување на современа механизација која што им е директно на располагање на самите земјоделци, како на пример заштитните мрежи, системите капка по капка, калибратори, објектите во коишто треба да се чуваат производите, пакување на производите, па и во преработувачката индустрија за модернизирање на производството на месо, млеко и други производи од примарното земјоделство, како држава добиваме зголемен финален производ, кој го пласираме и на домашниот и на странските пазари. Со тоа имаме зголемување на бруто домашниот производ така што економската корист од искористувањето на европските фондови се мултиплицира“, истакна Бабовски и најави дека до крајот на годината ќе следуваат уште неколку јавни повици за да може да се искористат што повеќе од вкупно расположливите 80 милиони евра од ИПАРД 2.
Властите очекуваат дека зголемената искористеност на овие европски фондови кои имаат за цел да го модернизираат земјоделството и преработувачката индустрија, допрва, и статистички ќе прикажат пораст на земјоделското производство и извозот.

Пет компоненти во коишто се поделени европските фондови

  • Компонента I – Транзициска помош и институционална надградба
  • Компонента II – Прекугранична соработка
  • Компонента III – Регионален развој
  • Компонента IV – Развој на човечки ресурси
  • Компонента V – Рурален развој

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×