Милка Тодорова: Амбицијата ни е да влеземе во групата на големите банки
Објавено на од во Интервју

2KK_6549 otvaranjeМилка Тодорова
претседател на УО и извршен директор на УНИБанка

Разговараме со г-ѓа Милка Тодорова, којашто од пред неколку дена е на позицијата Претседател на Управниот одбор на УНИБанка. Г-ѓа Тодорова е член на УО на Банката и Извршен директор од 27 февруари 2019 година. Има големо раководно искуство во банкарскиот сектор во Република Бугарија. Дипломирала на Универзитетот за национална и светска економиja во Софија. Користи англиски, руски и македонски јазик. Мажена е и има 25 годишен син.

 

 

На почетокот на годинава бевте назначени за член на Управниот одбор на УНИБанка. Кои беа Вашите претходни професионални обврски и какви ќе бидат Вашите обврски во Банката во следниов период?

Целата моја кариера e во банкарскиот сектор во Народната банка на Република Бугарија, после тоа во Прва Инвестициона Банка АД Софија – бев Заменик директор за корпоративно банкарство, Директор на Дирекцијата за банкарство за население, како и член на Управниот одбор на банката. Исто така во периодот 2013 -2014 година бев Извршен директор на Jунион Банка АД Софиja.

Во УНИБанка сум од 2011 година како член на Надзорниот одбор, а од 27 февруари 2019 година како Извршен директор и сега и Претседател на Управниот одбор. На оваа позиција мојата обврска е да ја организирам целокупната дејност на Банката во насока на нејзин постоjан раст, такашто успешно да ја реализираме стратегијата УНИБанка да влезе во групата на големи банки во Република Северна Македонија.

Со какви резултати УНИБанка ја заврши изминатата година и првиот квартал на годинава? Какви резултати очекувате годинава?

Изминатата година е една од најдинамичните во нашето 25 годишно постоење. Во 2018 година вкупната актива на УНИБанка го забележа највисокиот пораст во банкарскиот сектор, од 26 %, односно во апсолутен износ надмина 330 милиони евра. Растот на кредитите на нефинансиските субјекти е 28 %, а во делот на депозитите на нефинансиските субјекти е 20 %, од коишто главниот дел е на физички лица. УНИБанка оствари вкупна добивка од 4,4 милиони евра.

Во текот на првото тромесечје на оваа година продолжуваме успешно напред и имаме 10 % поголема оперативна добивка во споредба со истиот период од минатата година.

Во текот на 2019 година планираме сличен раст, со задржување на истите умерени нивоа на ризик, како и поврат на капиталот над просечниот за пазарот.

Банката изминатиот период имаше силен раст и кај кредитните пласмани? Каде е зголемено кредитирањето и кои субјекти се прифатливи за кредитирање?

УНИБанка е ориентирана главно кон банкарството со население и кон малите и средни претпријатија. Имаме значаен број клиенти, на коишто постојано им нудиме атрактивни услови за кредити, депозити и платен промет. Нашите потрошувачки кредити се многу актуелни, се одобруваат за само 30 минути и постои можност за аплицирање онлајн.

Малите и средните претприjатиja, вклучително и семејните бизниси, jа препознаваат УНИБанка како своja партнерска банка, преку која можат да ја прошируваат својата деловна активност и да ги остваруваат своите инвестициски цели и идеи. Кредитите за инвестиции и поддршката на тековната ликвидност, се само дел од производите, специјално наменети за овој тип на друштва, овозможени на едноставен и флексибилен начин. Непосредниот и професионален однос кон клиентите е веќе препознатлив на македонскиот пазар и е клучен фактор за нашиот заеднички успех.

2KK_6583Како ја оценувате економската состојба во Македонија? Може ли да се очекува засилен инвестициски бран според плановите на компаниите?

Сметаме дека македонската економија во наредниот период ќе се движи во позитивна насока. Прогнозата на Министерството на финансии е за раст од 3,2 %. Се очекува дека земјата ќе бележи зголемување на странските инвестиции и намалување на невработеноста. Поблиското идно членство во ЕУ дополнително ќе допридонесе за позитивен подем на економиjaта. Не треба да заборавиме, дека тоа освен значаjни перспективи и отворен пазар, ќе доведе и до една посилна деловна конкуренција, за коjашто стопанството во земjaта ќе треба да се подготви. Тука улогата на банките е многу важна, поддржувајќи го локалниот бизнис и проектите коишто се ориентирани кон повисока конкурентност, ефективност и иновации.

Неодамна УНИБанка издаде перпетуална обврзница, прва од таков вид во земјава?

Да. Во текот на оваа година го издадовме успешно првиот хибриден финансиски инструмент во Република Северна Македонија – перпетуална обврзница во износ од 5 милиони евра. Инструментот беше предложен по пат на приватна понуда и во него инвестираа во наjголем дел македонски правни и физички лица. Преку него го зголемуваме сопствениот капитал на Банката, коешто ни овозможува успешен развоj на нашиот деловен модел и проширување на пазарниот удел.

Какви се досегашните резултати и интересот за инвестирање на берзата за овој инструмент?

Инструментот се котира на Македонската берза од 1-ви март и тоа го збогатува локалниот пазар на капитал со уште една нова хартија од вредност. На тој начин се дава можност секој инвеститор да може слободно да тргува со обврзницата на УНИБанка. Интересот за обврзницата е голем, но имајќи го предвид фактот дека тоа е долгорочен инвестициски инструмент, засега нема лица коишто имаат желба да ја продаваат својата добра инвестиција.

Уште една област каде што УНИБанка се покажува како лидер е дигитализацијата и картичното работење. Какви се` процеси се преземаат во банката и какви производи и услуги можат клиентите да очекуваат од УНИБанка во следниот период?

Дигитализацијата дава неверојатни можности, ги менува искуствата и перцепциите на клиентите во односите со финансиските институции. Можноста за вршење на повеќе вообичаени банкарски операции, без посета на експозитура, и тоа 24/7 се` повеќе се налага како стандард. Знаејќи го ова, ние во УНИБанка постојано ги подобруваме своите системи и ги користиме најсовремените технологии. Во текот на месец април го надградивме нашиот основен банкарски систем и модулот за работа со клиентите, коешто заедно со нашето безбедно и едноставно електронско банкарство е одлична основа за нови атрактивни производи и дополнителни погодности за нашите клиенти, од коишто првите ќе ги понудиме уште на есен.

Но, независно од финансиските технологии за банките нема варијанта, со која за сметка на технологијата, ќе се занемари личната врска со клиентот. Сметам дека успешната банка на иднината е ефективна комбинација од удобна, едноставна и брза дигитална банка, со доволно физички експозитури со високо квалификуван, насмеан и услужен персонал.

Колкав е потенцијалот на банкарскиот сектор да ги следи компаниите и економијата?

Банкарскиот сектор во Република Северна Македонија е стабилен, добро капитализиран и високо ликвиден. Перспективите пред него се многу позитивни, очекуваме неколку силни и добри години. Ние сме подготвени да го поддржуваме секој добар инвестициски проект не само со финансирање, туку и со идеи и консултации, како и да го поделиме ризикот.

20uВо македонскиот банкарски сектор во изминатиов период се случува процес на окрупнување и спојување. Каква е позицијата и развојната стратегија на УНИБанка, дали можеби планирате окрупнување преку спојување или продажба на стратешки инвеститор?

Ние го поддржуваме процесот на окрупнување во секторот, тоа е претпоставка за поголема стабилност, ефективност и подобри услови за клиентите. Тоа е еден логичен процес во Република Северна Македонија, којшто се одвива и во сите други земји со сличен броj на банки.

Каде ја гледате позицијата на УНИБанка на македонскиот пазар на среден рок?

На среднорочен план, очекуваме преку користењето на новите технологии, значајно да ги подобриме искуствата и перцепциите на нашите клиенти, да им понудиме нови, иновативни производи, а исто така да ги зголемиме ефикасноста и продуктивноста на Банката. Амбициите ни се да влеземе во групата на големите (системски значајни) банки и да го прошириме повеќекратно својот пазарен удел.

За првпат во УНИБанка има жена во највисокото управно тело? Дали тоа за Вас лично е предност или хендикеп? Кој е вашиот рецепт или начинот за успех во кариерата?

Секогаш е подобро кога во еден тим учествуваат претставници и на двата пола. Многу често жените внесуваат рамнотежа и имаат поразличен пристап кон работите. Но, што се однесува до рецептот за успех, според мене истиот е еднаков и за мажите и за жените, да го работиме тоа коешто ни е пријатно и коешто нè исполнува, да бидеме максимално посветени, да се стремиме постоjано да се усовршуваме и да им помагаме и на другите околу нас, истото да го прават.


За првпат во УНИбанка има жена во највисокото управно тело? Дали тоа за Вас лично е предност или хендикеп? Кој е вашиот рецепт или начин за успех во кариерата?

Секогаш е подобро кога во еден тим учествуваат претставници и на двата пола. Многу често жените создаваат рамнотежа и една друга различна точка на гледање. Но, што се однесува до рецептот за успех, според мене, истиот е еднаков и за мажите и за жените, да го работиме тоа коешто ни е пријатно и коешто не` исполнува, да бидеме максимално посветени, да се стремиме непрекинато да се усовршуваме и да им помагаме и на другите околу нас, истото да го прават.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×