Милорад Крстиќески: Вложувањето во сопствените кадри нема алтернатива
Објавено на од во Интервју

Za otvaranje BATМилорад Крстиќески
Генерален менаџер на Бритиш Американ Тобако за Србија и Црна Гора и досегашен долгогодишен ГМ за Македонија, Албанија и Косово

Во БАТ веруваме дека вработените и нивниот талент се клучни за нашиот успех и поради тоа се фокусираме на нивниот развој и на создавањето иновативна и инспиративна работна средина. Бритиш Американ Тобако е компанија во која инвестирањето во сопствени кадри е високо на агендата за човечки ресурси. Во БАТ тоа подразбира создавање на квалитетна работна средина, инвестирање во тренинг и едукација на своите вработени, фокус кон препознавање и вработување на млади таленти и нивно креирање и конвертирање во лидери, подобра здравствена заштита за вработените, работа од дома, флексибилни часови, фитнес активности итн.. Сето ова влијае на зголемување на долгорочната продуктивност на компанијата.
Горд сум што во БАТ Македонија ова е застапено на највисоко ниво и придонесува директно за исклучителните резултати во изминатите години, но и индиректно преку развојот на човечкиот капитал придонесува до поголем економски раст во Македонија.

 

Милорад Крстиќески од почетокот на 2020 година е новиот генерален менаџер на тутунската компанија „Бритиш Американ Тобако“ за Србија и Црна Гора, со седиште во Белград. Тој на оваа позиција доаѓа од местото генерален менаџер на „Бритиш Американ Тобако“ за Македонија, Албанија и Косово. Крстиќески поседува огромно искуство во тутунскиот бизнис, кое го стекнал преку работа во Творница Духана Ровињ – ТДР од 2003 година, каде бил задолжен за развој на тутунската индустрија на пазарите на повеќе земји во регионот, а со преземањето на ТДР од страната на БАТ, тој ги презема најодговорните позиции во БАТ системот.
По неговото преземање на обврските на новата работна позиција во Белград, разговаравме околу постигнатите резултати во Македонија, вложувањето во развојот на сопствените кадри, имплементацијата на новите стандарди и иновации, со што ТДР како дел од БАТ успеа да се издигне и позиционира како една од најуспешните компании во регионот.
Г-не Крстиќески, Бритиш Американ Тобако како една од светските водечки тутунски компании веќе неколку години е присутна преку своите брендови на македонскиот пазар, како би го оцениле своето досегашно работење и вашата позиција на пазарот?
Бритиш Американ Тобако е една од најголемите мултинационални компании која на македонскиот пазар е директно присутна од 2015 година преку преземањето на ТДР како една од најуспешните компании на екс-југословенските простори, а која во септември 2017-та година стана дел од регионот на „БАТ Адриа“ и во исто време е дел од кластерот „АлМаКо“ (Албанија, Македонија, Косово). Оттогаш нашето работење е стабилно, бележиме константен раст на сите клучни показатели, а нашите производи имаат добра позиција на пазарот. Спојот на искусниот локален тим, познатите меѓународни тутунски брендови на БАТ како што се Lucky Strike, Rothmans, Pall Mall и други, како и интернационалниот know-how, беа јасен сигнал за продолжување на успешната приказна која ТДР ја градеше долги години. Комплетното портфолио на ТДР за помалку од 16 месеци мигрираше во интернационалните брендови на БАТ, кој за потрошувачите се јасен сигнал за стандарден висок квалитет, но и задржување на најдобрите брендови од ТДР и вклучување на истите во БАТ портфолиото, како што е Ронхил.
Можам да заклучам дека БАТ од компанија која воопшто не беше присутна на македонскиот пазар, за 16 месеци од преземањето на ТДР успеа да се наметне како битен играч, кој учествува во создавањето на структурата на тутунската индустрија во државата.
Што значеше преземањето на ТДР од страна на БАТ пред четири години за операциите на ТДР во земјава? Какво know-how и практики донесе светскиот гигант БАТ во работењето на локалното претставништво во Скопје?
ТДР, како водечки независен производител на цигари во Централна Европа, со преземањето пред повеќе од четири години и инвестицијата во него во вредност од 505 милиони евра, стана горд член на British American Tobacco, која претставува вистинска глобална тутунскa компанија. Со оглед на тоа што ТДР беше присутна само во државите од Балканот, како потреба се наметна прилагодувањето на дотогашниот начин на работење со највисоките интернационални норми. Ние имплементиравме високи стандарди во работењето и го збогативме портфолиото на компанијата со познати и препознатливи интернационални брендови со веќе изграден имиџ, додека преку паметни инвестиции, континуиран фокус на потрошувачите, зацврстување на одличната соработка и извонреден професионален однос со нашите трговски партнери, успеваме да воспоставиме и водиме одржлива развојна агенда на нашиот бизнис.
Одржливоста е нешто што е клучно во обезбедувањето на иднината на нашата компанија и создавањето на заеднички вредности со нашите потрошувачи, нашите акционери и сите вклучени страни. Овие глобални стандарди воспоставени од страна на БАТ станаа дел од нашето работење, дневна рутина, издигнувајќи
ја локалната компанијата на уште повисоко ниво.
Какво е значењето на БАТ за македонската економија и буџет, во смисла на откуп на тутун за преработка, плаќање даноци и акцизи во буџетот, итн.?
БАТ игра исклучително важна улога не само за македонската економија и буџет, туку и за општеството во целина. Имено, само во 2019 година, БАТ, директно преку акциза, царина и даноци од тутунски производи во државниот буџет има уплатено 47 милиони евра, додека пак преку вработување на 100 лица, односно 25 директно во компанијата и 75 индиректно преку нашиот овластен дистрибутер Пекабеско А.Д. Скопје, влијаеме на намалување на процентот на невработеност. Дополнително, во однос на откупот на тутун од тутунопроизводителите, во последните 3 години откупот од страна на БАТ во просек изнесува 5.000 тони, или 20% од вкупното македонско производство на тутун што покажува колку е значаен македонскиот пазар за нас. Бенефит кој директно го чувствуваат тутунопроизводителите, но и државната економија во исто време.
Што значи признанието Employer Partner Certificate што БАТ го доби за седум различни пазари во регионов, меѓу кои и македонскиот? Кои се клучните предности на БАТ како работодавач во земјава?
Нашите вработени се главната причина зошто БАТ е една од водечките мултинационални компании во тутунската индустрија, а сертификатот Employer Partner е само мотив да продолжиме да работиме во истата насока. Во БАТ веруваме дека вработените и нивниот талент се клучни за нашиот успех и поради тоа се фокусираме на нивниот развој и на создавањето иновативна и инспиративна работна средина. Бритиш Американ Тобако е компанија во која инвестирањето во сопствени кадри е високо на агендата за човечки ресурси. Во БАТ тоа подразбира создавање на квалитетна работна средина, инвестирање во тренинг и едукација на своите вработени, фокус кон препознавање и вработување на млади таленти и нивно креирање и конвертирање во лидери, подобра здравствена заштита за вработените, работа од дома, флексибилни часови, фитнес активности, итн.. Сето ова влијае на зголемување на долгорочната продуктивноста на компанијата. Оваа награда е дополнително признание на нашите континуирани напори да создадеме систем за успешно развивање и унапредување на кариерите на нашите вработени на пазарите во Македонија, Албанија и Косово, каде имаме повеќе од 60 вработени.
Признанието Employer Partner Certificate подразбира и имплементација на исти услови за работа како во западните и развиените земји. Дополнително, ова признание нуди можност на нашите вработени за интернационална кариера во рамките на групацијата, односно колегите од Македонија добиваат уникатна прилика да работат во Австрија, Чешка, Романија итн. Се отвораат можности за пракса преку разни програми во рамки на БАТ Групацијата, како што се Global Graduate Program, Battle of Minds и други програми наменети за актуелни студенти како и тукушто дипломирани студенти, од кои голем број добиваат можност за постојано вработување во нашата компанија. Global Graduate Program ја спроведуваме од 2017 година, и забележуваме дека интересот за оваа програма е сè поголем односно дека секоја година бројот на пријавени кандидати се зголемува. Додека, Battle of Minds програмата ја реализираме од оваа година и според бројот на апликанти, исто така, можеме да кажеме дека интересот е огромен на сите три пазари.
Токму инвестицијата во развој на сопствените кадри, квалитетна работна средина и таленти, е она што ја прави БАТ поразлична, а со тоа и добитник на престижното признание Employer Partner Certificate.
Од лична перспектива, во изминатите 16 години, како дел од БАТ и ТДР, сето ова што претставува БАТ како работодавач, можам да го потврдам со безброј лични примери. Неизмерно сум благодарен на сите мои досегашни претпоставени и на компанијата, кои вложувале во мојот развој и едукација, а најдобар начин да се заблагодариш е да продолжиш со понатамошно инспирирање на младите кадри и со креирање на средина во која што ќе може да се развиваат.
Горд сум што во БАТ Македонија ова е застапено на највисоко ниво и придонесува директно за исклучителните резултати во изминатите години, но и индиректно преку развојот на човечкиот капитал придонесува до поголем економски раст во Македонија.
19BATКолкав интерес има БАТ за пласман на производите со намален ризик на македонскиот пазар и кога може домашните консументи да ги очекуваат овие производи?
БАТ е континуирано посветена на развој и комерцијализација на производи со потенцијално намален ризик. Нашата амбиција за „трансформирање на тутунот“ подразбира повеќе избор, повеќе иновации и потенцијално помалку ризик. Имаме јасна амбиција за водење на процесот на трансформацијата на нашата индустрија, нудејќи им на потрошувачите низа производи со потенцијално намален ризик. Развојот на овие производи е високо на агендата на БАТ глобално, секако и Македонија е на мапата во правец на утврдување на најповолниот момент за пласман на истите согласно потребите и навиките на потрошувачите на пазарот.
Денес, имаме водечки производи во индустријата за електронски цигари; несогорливи тутунски производи; во современите производи за орална употреба, како и во категоријата на традиционални орални производи.
И покрај успесите на нашите нови категории, ова е само почеток, а иновациите и технологијата сè повеќе ќе бидат во срцето на нашиот бизнис. Нашиот центар за истражување и развој, во кој работат стотици научници, е насочен кон континуиран развој на нови и иновативни призводи и категории со потенцијално намален ризик.
Во 2018 година поднесовме 130 патенти и очекуваме тој број значително да се зголеми во следните години.
Се разбира, стручноста во оваа област не е единствено во рамките на БАТ и, следствено, имаме голем број на соработки, партнерства и инвестиции со трети страни кои имаат широк спектар на специјализации, со цел да ни помогне во процесот на планирање и развивање на идните производи.
Како влијае новиот Закон за тутун врз работењето на БАТ на македонскиот пазар и дали како компанија заедно со другите играчи на пазарот партнерски учествувавте во негово креирање заедно со Владата?
Морам отворено да кажам дека Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија беше консултирана во процесот на изработка на новиот Закон за тутун.
Одредбите од новиот Закон за тутун директно немаат големо влијание во однос на тековното работење на БАТ, со оглед на тоа дека прометот со цигари беше детално регулиран и со претходниот закон. Меѓутоа, она што е новина во последниот Закон за тутун е регулирањето на контролата на увозот и прометот на необработениот тутун, кој досега создаваше големи проблеми за државата и ја зголемуваше нелегалната трговија со тутун и производи од тутун. На тој начин со новиот закон за првпат се регулира производството и прометот на производи од несогорлив тутун и електронските цигари во Македонија. Оттука, оваа нова промена на Законот за тутун ќе влијае Македонија да се приклучи на современите земји во светот каде е регулирана трговијата и пласманот на алтернативни несогорливи тутунски производи.
Какви се плановите на БАТ и Вашите планови за следната година?
Нашите амбиции и планови за 2020 година вклучуваат раст на бројот на вработените согласно потребите, а со тоа и зголемување на работните простории со повисоки стандарди на условите за работа, како и создавање на „мини хаб“ за Косово и Албанија, каде голем број на функции се менаџирани и контролирани од централната канцеларија во Македонија.
На личен план, после 10 години активно управување на пазарите во Македонија, Албанија и Косово, почнувајќи од јануари 2020 година ја преземам позицијата генерален менаџер на Бритиш Американ Тобако за Србија и Црна Гора, со седиште во Белград, што за мене претставува еден нов поголем предизвик и големо задоволство.
Со гордост можам да кажам дека заложбата на БАТ за развој на локални таленти покрај во мојата кариера се огледа и во назначувањето на мојот колега Саше Николовски за нов директор на БАТ за пазарите во Македонија, Албанија и Косово. Саше е дел од компанијата од септември 2011 година, а пред преземањето на овој голем чекор во неговата кариера, беше на позицијата менаџер за маркетинг за пазарите на Македонија, Албанија и Косово. Поради природата на позицијата, но и поради своите квалитети и талент, Саше беше вклучен во сите аспекти на креирање на портфолио стратегијата и директно спроведување на истата, со што тој е еден од клучните луѓе кои се заслужни за континуираниот раст на пазарите кои ги покриваме. Оттаму, сметам дека БАТ – АлМаКо, со Саше Николовски како директор ќе продолжи да биде креатор на позитивни приказни поставувајќи нови стандарди за работа како една од најуспешните компании во регионот.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×