Милован Дрецун: Мислам дека таксите кон Србија ќе бидат укинати
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на српскиот општински одбор за Косово и Метохија, Милован Дрецун, смета дека дополнителните такси од Приштина наметнати на производи од централна Србија ќе бидат укинати и оценува дека Рамуш Харадинај сега се обидува да постапи во склад со желбите на САД, а да „не се обрука“.

drecun-izdajnik1

На прашањето дали Харадинај, кој изјави дека таксите ќе бидат укинати кога Белград ќе ја признае косовската независност, е толку јак да успева да се спротистави на барањата на европските и светските официјални претставници, Дрецун одговорил дека  „секако дека не“, дека тој ја знаел границата до која може да оди, но дека сега се обидува да добие колку е можно повеќе сега во фазата за подготовка за евентуалните избори на Косово и Метохија.

„Тој сака да се претстави пред порадикалното бирачко тело дека е некој кој е непопустив, на кого ни Американците ништо не му‘ можат, како некој кој не се плаши од никого. Тоа му е онаа „шумска терористичка филозофија“, но доаѓа до границата каде ќе треба да постапи како САД мислат дека треба да постапи, и сега бара излез од таа ситуација за да не се „обрука“. Мислам дека таксите ќе бидат укинати.“, изјавил Дрецун како гостин во телевизијата Пинк.

Прашан да го прокоментира она што шефот на кабинетот на Харадинај, Авни Арифи, рекол дека владата во Приштина би можела привремено да ги суспендира таксите на српската роба, Дрецун рекол дека привремено во тој контекст значи- додека траат разговорите, односно дека таксите би биле суспендирани до евентуалното постигнување на договор.

„Важно е да ги нема, а како ќе се оправдаат пред сопствената јавност за таа ужасна тешка одлука која нанесе штета на српскиот народ, неговиот опстанок и опстанокот на Србија, тоа е нивна работа. Ние само сакаме да се тргнат таксите, да ги нема, за да можеме да ги продолжиме разговорите. “, порача Дрецун.

Тој смета дека САД имаат пресудна значајна улога и дека е важно што претседателот Доналд Трамп дава лична иницијатива по ова прашање.

„Тие сакаат да се продолжат разговорите и да се постигне договор за конечниот статус на Косово и Метохија. Мислам дека е тоа во наш интерес, затоа што во спротивно, алтернативата би била она што Еди Рама ја говори… мораме да бидеме свесни за тоа. Не се сомневајте дека Косово и Албанија уште денес би се соединиле доколку нема други пречки за тоа“, додаде, предупредувајќи дека Албанците за еден таков потег би можеле да најдат оправдување во наводното „неконструктивно однесување на Србите“. Тој додаде дека Србија сака да постигне решение и да дојде до договор со Албанците за тоа како двата народи ќе живеат во иднина и каков ќе биде статусот на нивната јужна покраина.

„Не сме ние јаката страна на Косово и Метохија, тие се. Ние сега мораме да видиме како ќе се договориме со нив за да го заштитиме српскиот народ, за тој да може да опстане таму и да ги заштитиме нашите интереси во услови кога за момент ни’ се отвори простор од Вашингтон дека може да се постигне договор каде не би биле потполни губитници. Тој простор ќе се затвори ако не го искористиме сега“, порача Дрецун

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×