Минатата година странските инвестиции во зоните отворилe 4.500 нови работни места
Објавено на од во Компании

Зона 1Од ратификувањето на Протоколот за НАТО во Парламентот на Грција, шест компании соопштиле дека донеле одлука за инвестиции во земјава, а последна е од фабрика за производство на кабли, соопшти премиерот Зоран Заев.

Засега дозвола за објавување имa само за германската „Герешајмер“ која ќе инвестира 120 милиони евра. За десетина дена, рече премиерот, ќе биде објавено од која индустрија е, колку работни места ќе отвори, кога ќе почне изградбата и кога ќе биде ставена во функција. Во најава, рече Заев, се и две грчки компании од кои едната е од областа на енергетиката, а вкупната инвестиција им е 750 милиони евра.

“ Во сите 17 индустриски зони изминатата година се отвораени 4.500 работни места. Бројот на странски инвестиции во последниот квартал во 2018 година е сигурно најголем од кој било квартал од самостојноста до сега.  Вкупните странски инвестиции во 2018 година се најголеми од која било година од самостојноста. И тоа е првата квалитетна придобивка од отворените интеграции на нашата земја за членство во НАТО, како и од законот за привлекување  странски инвестиции во индустријата, посветеноста на економските тимови… Се работи за илјадници работни места.  Најголем дел се многу квалитетни, со плата од над 18.000 денари”, изјави Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×