Делегација од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина, предводена од министерката за одбрана, Марина Пендеш денеска ќе го посети Министерството за одбрана на Република Македонија.
Во рамки на посетата, министерката Пендеш ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министерот за одбрана Зоран Јолевски.
По средбата, тие ќе го посетат Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Во рамки на посетата предвидено е и Пендеш да одржи предавање на тема „Интеграција на БиХ во ЕУ и НАТО“во Меморијалниот центар – Фондација Никола Кљусев.