Министерот Бектеши предлага зголемување на тарифите за концесионерите на рудниците
Објавено на од во Економија

БектешиМинистерството за економија предлага да се зголемат тарифите што треба да ги плаќаат концесионерите на рудниците за искористување на просторот и експлоатација на рудата.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, концесионерите за ваквиот предлог се информирани, но допрва ќе се утврдува колкаво ќе биде зголемувањето.

“Како министер сум за да ги зголемиме овие тарифи. Убеден сум дека надоместоците по оваа основа треба да се сменат и тие средства да се наменат за проекти за подобрување на животната средина, здравството и образованието”, рече Бектеши.

Тој информира дека веќе им е дадено задолжение на службите во Министерството да почнат со подготовка на измените на тарифникот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×