Министерот за здравство најави повеќе клучни проекти за модернизирање на здравствениот систем
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Повеќе клучни проекти што ќе бидат во интерес на пациентите, но и на здравствените работници, најави денеска на својата прва прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Уверени сме дека имаме капацитет и оти мораме здравствениот систем што сега функционира на работ на издржување да го трансформираме во европски модерен здравствен капацитет. Имаме човечки капацитет, знаења и за тоа што ни недостасува подготвени сме да се надоградиме“, рече Филипче.

Посочи дека еден од клучните проекти ќе биде надградување на електронскиот систем „Мој Термин“ со цел да се подобри квалитетот на здравствената услуга и да се формира интегриран здравствен систем во кој ќе има контрола и на потрошувачката и на вистинските потреби. Инициравме, појасни, да започне формирање на регистри на сите болести во Република Македонија.

Министерот нагласи дека времетраењето на прегледот ќе го договорат со директорите на клиниките и институциите, затоа што секоја струка е специфична, и ќе инсистираат клиниките да примат административни помошници (кои ќе ги внесуваат податоците) на докторите, за тие да се фокусираат на прегледот на пациентот.

„Целта ќе ни биде да ја зголемиме експертизата на домашните лекари. Ќе инсистираме да се едуцираат во тие дејности, да почнат да ги нудат тие сервиси за кои плаќаме големи средства за лекување во странство. Сите болници ќе имаат обврска да ги тренираат нашите државни лекари за тие да стекнат експертиза“, рече Филипче.

Потенцира дека има лекови за ретки болести, дека на почетокот на 2018 година треба да се распише тендер за следната година, и планираат да преземат неколку чекори овој систем на снабдување да се подобри. Ќе се разгледаат начините за зголемување на средствата за тие лекови и подобрување на законската регулатива и сите постапки во врска со нивната набавка, за да се спречи евентуален нивен децифит. Појасни дека наоѓаат начин тендерската процедура да се зголеми од една на две години.

„Во моментот нема инсулинска криза, ќе ја подобриме процедурата за да не се дозволи ризик од недостиг на инсулин. Има околу 400 до 500 деца кои имаат дијабетес тип 1 и примаат инсулин.  За да се спречи ризикот од ноќна гликемија има тракери кои се лепат на кожата“, рече Филипче.

Интензивно ќе работиме, посочи, за да гарантираме бесплатно болничко лекување на ранливите категории граѓани, односно Роми корисници на социјална помош.

„Во буџетот за идната година се предвидени средства за градежно завршување на болниците во Штип, Струмица и Охрид, и ќе се распишат тендери за нивно опремување, а ќе се заврши болницата во Бардовци и бункерот за акцелератор во ГОБ „8 Септември““, рече Филипче.

На докторите ќе им понудат подобри опции за едукација преку соработка со познати универзитетски центри во Европа.

„Во преговори сме со директорот на Фондот за иновации за етаблирање на нов Центар за истражување во рамки на Клиничкиот центар, каде може да се направат научно – истражувачки проекти кои се клучни во едукација на младите лекари“, истакна Филипче.

Нагласи дека се обезбедени средства за зголемување на платите за пет отсто на сите здравствени работници во втората половина на 2018 година, како и дополнителен износ на средства за дежурствата за докторите и сестрите во Клиничкиот центар и во сите болници во државата, посебно за хирурзите кои веќе имаат зголемување. Најави дека дежурство кое сега се плаќа од 900 до 1.340 денари во работен ден ден, од март/април ќе биде платено 2.500 до 3.000 денари, а викенд дежурството кое сега е 2.800 денари или 2.900 денари ќе биде платено 4.000 денари.

„Се обезбедија средства за вработување на 348 приватни специјализанти, кои ќе земаат плата во висина на минималната плата гарантирана за општ лекар. Детската кардиохирургија ќе биде сместена во рамки на Клиниката за кардиологија и постоечката Клиника за кардиохирургија. Сакаме да го смениме системот на лекување од куратива кон превентива. Планираме да го зајакнеме системот на патронажните сестри“, рече Филипче.

Додаде дека имаат одличен план и сериозен капацитет добро да го реформираат здравствен систем и да стане модерен и европски здравствен систем.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во владина процедура е изменетиот Закон за паралелен увоз на лекови, и согласно добрите практики од европските земји се воведува сертификат на квалитет и следење на лекот од каде доаѓа за секоја увезена серија во Македонија.

Во однос на инсулинската криза, Филиче, одговарајќи на новинарско прашање рече дека пропустот е во процедурата, дека нема обврска добавувачот доволно време однапред да ја снабди потребната количина и се подготвуваат да сменат во следната процедура добавувачот да има инсулин на залиха за најмалку два до три месеци.

Тој најави решавање на сообраќајниот метеж на влезот во Клиничкиот центар и проблемот со паркирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×