Министерството за економија има една недела да ја испита дозволата за „Еуромакс“
Објавено на од во Економија
Министерството за економија има рок од седум дена да ја испита правната исполнетост на барањето на „Еуромакс ресурсис“ ДОО Скопје за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот Иловица  во општините Босилово и Ново Село, рече денеска на прес-конференција портпаролот ан Владата Муамет Хоџа, соопштувајќи ја одлуката што беше донесена на вчерашната 141. седница.
min ekoДоколку не се исполнети правно-формалните аспекти, ќе биде одбиено барањето односно еднострано ќе биде раскинат договорот за концесија. На прашањето дали е направена анализа колкава ќе биде штетата во тој случај,  портпаролот одговори дека најпрво ќе  се почека извештајот на Министерството за економија.
„На наредната владина редовна седница ќе биде донесена официјалната одлука. Значи, за седум дена Министерството за економија треба да соопшти дали се испочитувани сите услови“, рече Хоџа.
На вчерашната седница, рече тој, не било разгледувано кога ќе почне примената на електронска наплата на патарините. Меѓу точките што вчера беа усвоени на седница се дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS, одобрени специјализации и супспецијализации во согласност со мрежата на здравствени установи за 2019-2022, одлука за парични награди за шампионски титули – 30 милиони денари  за ракометниот клуб „Вардар“ и 1 милион денари за младиот борач Бесир Алили, како и 300.000 денари на неговиот тренер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×