Министерството за финансии предлага 18% данок за приходи над 1.000 евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Како што беше најавено, следниот месец ќе почне дебатата за воведување прогресивно оданочување, а како што денеска изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, има предлог за приход до 1.000 евра персоналниот данок да остане ист (10%), додека за приход остварен над оваа граница данокот да биде 18%. Во оваа категорија влегуваат околу два отсто од граѓаните на Македонија.

„Ова е првичниот предлог на Министерството за финансии што ќе биде ставен на јавна дебата. Предлогот е преточен и во предлог-законското решение што ќе биде ставено на ЕНЕР за да можат граѓаните да го видат и да дадат свои предлози, сугестии и мислења“, рече Тевдовски на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.

Според него, искуство со воведување прогресивен данок или, како што го нарече Тевдовски, праведно оданочување, има Албанија која стапките на персонален данок ги зголеми на 13 и 23%, а притоа не ја изгуби конкурентноста.

Во овој контекст, вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека мора да се направат длабински анализи, зашто ако прениско се спушти прагот над кој би се променила даночната стапка, може да биде дестимулативно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×