Министрите на најмоќните земји усвоија договор за оданочување на дигиталните компании
Објавено на од во Економија
Министрите за финансии од седумте најразвиени земји во светот (Г7) постигнаа начелен договор за минимално оданочување на дигиталните компании како Фејсбук и Гугл, најавувајќи конкретно решение за почетокот на следната година.
г7Министрите „целосно го поддржаа решението во две фази што ќе биде усвоено до 2020 година“, стои во соопштението на Франција која моментално претседава со групата Г7. Според предлогот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), првата фаза би вклучувала измени во постоечките прописи за поделба на даночните приходи помеѓу земјите со цел да се земе во предвид влијанието на дигитализацијата врз светската економија.
Втората фаза би вклучувала решенија за приходи кои моментално не се оданочуваат или се оданочуваат по многу пониски стапки.
„Треба да се развијат нови прописи со цел да се пронајде решение за нови бизнис модели… кои на компаниите им овозможуваат да работат во одредена област и без физичко присуство“, се додава. „Министрите се согласија дека минималното ниво на ефективно оданочување… е еден од факторите што ќе гарантира компаниите да плаќаат соодветен данок“, се вели во соопштението од состанокот на Г7 во Шантији.
Ова ниво допрва треба да се одреди, рече француски претставник под услов да остане анонимен. „Нивото на идните даноци ќе зависи од конкретните елементи на прописот“, заклучија учесниците на Г7 состанокот.
Усвоениот план ќе продолжи да се развива на ниво на групата 20 водечки развиени и економии во развој Г20, а неговата имплементација треба да биде надгледувана од страна на ОЕЦД. Министрите на Г7 ги усогласија ставовите по жестокиот судир меѓу Франција и САД во текот на изминатите недели.
Францускиот парламент овој месец усвои закон за оданочување на приходите од услугите што ги нудат дигиталните компании како што се Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон во Франција, и покрај тоа што се регистрирани во други европски земји. Овој потег го разбесни американскиот претседател Доналд Трамп и САД најавија невидена истрага против Франција, што би можело да резултира и со воведување на царини.
На денешната средба во Шантији, министрите за финансии на Г7, исто така, заклучија дека новите криптовалути, како либра на Фејсбук, би можеле да го дестабилизираат меѓународниот монетарен систем и дека сè уште не се создадени услови за нивно воведување. „Тие се согласија дека проектите како либра би можеле да влијаат врз монетарниот суверенитет и на функционирањето на меѓународниот монетарен систем“, се вели во соопштението на француското претседателство на групата Г7.
Сите членки на Г7 изразија „сериозна загриженост“ во врска со тој проект, изјави за новинарите францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. „Тој предизвикува сериозни тешкотии – технички и политички. Постојат правила што сите треба да ги почитуваат, што во моментот не може да се каже за либра“, додаде Ле Мер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×