Миноски: Примарна цел како држава треба да ни биде да создаваме богати компании
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

MinovskiКирил Миноски е новиот министер за финансии на Македонија. Тој на оваа функција доаѓа на местото на Зоран Ставрески, кој вчера си поднесе оставка од здравствени причини, а кој раководеше со ова министерство од 2009 година.

Миновски на оваа функција од местото директор на Управата за јавни приходи, која е институција во рамки на Министерството за финансии, а пред тоа кариерата ја градел во приватниот сектор и на меѓународни проекти.

Пред неколку месеци Капитал објави интервју со Миноски, што беше прво негово интервју од назначувањето на чело на УЈП, во кое зборуваше за предизвиците со управувањето со овој важен ресор. Но, она што провејуваше во целото интервју беше ставот дека Управата за јавни приходи и државата мора да бидат ставени во служба на бизнисите, бидејќи без нив не може да функционира ниту државата. Во прилог се најважните делови од интервјуто со Миноски во кои тој делува за економските политики, за условите за водење на бизнис и за реформите кои треба да се направат за да се олесни работењето на фирмите.
“Ја гледам Управата за јавни приходи како институција која што треба да биде во служба на бизнисите и нивниот развој. Бизнисите како даночни обврзници се нужен партнер на Управата и државата, од причина што единствено тие креираат нова вредност од која што се финансира функционирањето на државата”, изјави Миноски.

Во однос на даночната политика која се води во Македонија, Миноски смета дека рамниот данок се покажа како успешна приказна, посебно ако се земе предвид дека и во услови на глобална финансиска криза, Македонија беше една од ретките земји кои успеа да обезбеди стабилно ниво на наплата на даночните приходи во комбинација со антикризни мерки, што не беше случај во некои развиени економии, кои прибегнаа дури и кон зголемување на даночните стапки.

“Политиката на рамни даноци или на прогресивно оданочување секогаш има „за“ и „контра“ аргументи, како меѓу стручната јавност, така и во политичките кругови. Она што го говорат бројките е дека моделот на рамни даноци одговара за македонската економија, на развојот и на бизнис менталитетот”, вели Миноски.
Мојот личен став е, смета Миноски, дека можеби треба да се размисли и за понатамошни даночни олеснувања или намалување на даночни стапки за определени целни групи како што се микро и мали претпријатија, со што дополнително би се влијаело на нивната ликвидност и можностите за развој. “На овој начин би се придонело за ослободување на нова позитивна енергија во економијата. Нашата примарна цел како држава треба да биде да создаваме богати компании со што ќе се креираат поголеми можности на општествена благосостојба и напредок”, изјави Миноски.

Тој потенцираше дека еден од неговите приоритети и предизвици како директор на УЈП ќе биде скратувањето на времето на поврат на ДДВ

“Преку забрзување на овој процес средствата се враќаат во реалниот сектор и се подобрува севкупната ликвидност, што влијае позитивно на економскиот раст и развој. За нас како Управа, скратувањето на времето на поврат на ДДВ, ќе биде еден од главните предизвици. Но, прашањето за ликвидноста на компаниите и пристапот до финансии во домашната економија бара покомплексна анализа. Дел од факторите кои што влијаат на ликвидноста на компаниите се од објективна природа, а дел од субјективна. Покрај т.н. маѓепсан круг на неликвидност кој што произлегува од нерешените должничко доверителски односи меѓу компаниите, постојат и низа субјективни фактори (лоши деловни одлуки, несоодветен бизнис модел и сл.). Со законот за финансиска дисциплина се настојува дел од овие прашања да бидат адресирани”, изјави тогаш Миноски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×