Миодраг Костиќ го победи Џорџ Сорос во конкуренција за преземање на Горењска банка
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Минатата недела ја одбележаа две финансиски трансакции во регионот – унгарската ОТП банка ја финализира постапката за купување на Војвоѓанска банка и стана нејзин сопственик. Еден од најбогатите Унгарци, Шандор Чанји (извршен директор на ОТП), не го криеше задоволството што трансакцијата е успешно завршена.

На српска страна, АИК банката, односно бизнисменот Миодраг Костиќ, со не помало задоволство стана мнозински сопственик на Горењска банка во Словенија, со удел од 75,99%.

И во двата случаи потезите се дел од плановите за ширење и зајакнување во регионот.

Аналитичарите ценат дека се работи за добра тактика, зашто на сопствениците им овозможува да имаат помалку трошоци – со самото тоа банките се во можност на клиентите да им понудат услуги под поповолни услови.

„Колку банките покриваат поголем пазар, толку е поголема можноста финансиските трансакции да се извршуваат во рамките на банката, и со тоа трошоците да бидат пониски. Не треба да се заборави дека трошоците се најмали кај глобалните банки“, вели меѓународниот консултант Милан Ковачевиќ.

АИК банка стана уверливо најголем сопственик на Горењска кога Управниот одбор на компанијата Сава пред три дена го одобри преземањето. Со оглед на тоа дека АИК веќе имаше 20,99%, полесно стигна и до поголем удел. На продажба се понудени и акции што беа во сопственост на Телеком Словенија, на Искрател од Крањ, и на осигурителната куќа Триглав.

Главни конкуренти за преземање на Горењска банка беа фондови, и тоа Квантум стратеџик партнерс, зад кој стои Џорџ Сорос,и Аполо фонд.

Во АИК банка велат дека по преземањето на мнозинската сопственост во Горењска банка се чекор поблиску до позиционирањето како една од водечките банки во југоисточна Европа. Стратегијата на ширење во банкарството треба да придонесе за ширење на економските активности и на другите сектори во регионот.

Освен на Горењска банка, Костиќ е сопственик на АИК банка и на Алфа банка, која сега работи под старото име – ЈУ банка.

Банкарското портфолио на ОТП е значително поголемо: освен банката во матичната Унгарија и во Србија, тие се присутни и во Црна Гора, во Хрватска, во Романија, во Словачка, во Бугарија, во Украина и во Русија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×