Мирослав Мишковиќ гради трговски центар од 60 милиони евра во Бања Лука  
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Компанијата Делта Холдинг денес објави дека на почетокот на следната 2017 година ќе почне со изградба на трговски центар во Бања Лука во кој ќе бидат вложени 60 милиони евра и ќе бидат отворени 2.500 работни места. Во соопштението се наведува дека тоа ќе биде најголема инвестиција во Република Српска на која ќе биде ангажирана и домашната градежна индустрија.

“БањаЛука ќе добие модерен објект кој ќе биде на површина од 60.000 квадратни метри, кој на посетителите ќе им  понуди најпознати светски брендови, забавни содржини за целото семејство, ресторани, кафетерии”, се вели во соопштението на Делта Холдинг.

Miroslav MiskovicВо таа компанија наведуваат дека изградбата на хотелот InterContinental во Љубљана со пет ѕвезди, во кој ќе се вложат 40 милиони евра се одвива според планот и дека во текот на првата половина од 2016 година е изградено околу 45% од конструкцијата. Отворањето на хотелот е предвидено за првата половина од 2017 година.

Делта наведува дека има големи планови за изградба на недвижности во Србија и дека се подготвени проекти и обезбедено финансирање за четири големи инвестиции: новата деловна зграда на Делта Холдинг, регионални шопинг мол Делта планет во Автокоманда, хотелот InterContinental  и деловна зграда во Нов Белград.

“Ни после две и пол години разговори со градските власти и ветувања дека сите услови ќе бидат обезбедени, ниту за една од овие локации не сме добиле дозвола за градење”, објаснуваат од Делта Холдинг, потенцирајќи дека ако во најскоро време не биде овозможена реализација на овие проекти, компанијата ќе биде принудена своите инвестиции да ги насочи надвор од Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×