Мирослав Мишковиќ осуден на пет години затвор поради затајување данок
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Специјалниот суд во Белград денеска го осуди на пет години затвор, и парична казна од околу 65 илјади евра, сопственикот на Делта холдингот, Мирослав Мишковиќ, бидејќи му помогнал на синот Марко да затаи данок во износ од околу 3 милиони евра.

Мишковиќ не присуствувал на изрекувањето на пресудата.

Од судот, во образложението на пресудата, наведено е дека „нема дилема оти Мирослав Мишковиќ  му помагал на синот Марко во носењето на стратешките одлуки за Мера Инвест (компанијата на Марко, н.з.)“.

Марко Мишковиќ на 25 февруари беше осуден поради затајување данок на три и пол години затвор и иста парична казна как0 изречената за татко му, со дополнителна обврска Мера Инвест да плати данок од околу 2,6 милиони евра.

Таткото и синот беа уапсени во декември 2012 година. По повеќемесечен притвор, беа пуштени да се бранат од слобода.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×