Мишковиќ и Тодориќ продаваат шопинг центри за 270 милиони евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Мирослав Мишковиќ ги продаде Делта моловите во Белград и Подгорица за 203 милиони евра, а Ивица Тодориќ e пред продажба на свои четири трговски центри во Хрватска за 66 милиони евра – купувачи се два инвестициски фонда од Јужна Африка

 

Српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ  ги продаде шопинг моловите Делта во Белград и Подгорица на јужноафрикански инвестициски фонд, за 202,8 милиони евра, јавуваат српските медиуми.

Delta City

Белградскиот Делта е продаден за 127,8 милиони евра, а оној во Подгорица за 75 милиони. Најголем дел од парите оди за Делта холдинг на Мишковиќ, но и за отплата на кредити – 15,8 милиони евра од српскиот и 14,85 милиони од црногорскиот.

Јужноафриканскиот Hyprop Investments e познат инвестициски фонд од Јужноафриканската република –ЈАР, сопственик на 11 ексклузивни шопинг молови во земјата и во други држави од подсахарска Африка. Купувањето на Делта центрите е нивно прво излегување од африканскиот пазар, а во следните пет години планираат да вложат една милијарда евра во недвижности во југоисточна Европа.

 

Тодориќ продава четири трговски центри во Хрватска

Ивица Тодориќ пак, сопственик на хрватскиот концерн Агрокор, го продава трговскиот центар во Дубровник изграден за  22 милиони евра на инвестициски фонд, исто така од ЈАР.

Како што пренесува Дубровачки вјесник, Тодориќ го продава трговскиот центар Sub City, отворен пред само шест месеци, а фондот Tower Property Limited ќе плати 28,7 милиони евра, без ДДВ.

Sub City

 

Компаниите на Тодориќ ќе останат во деловниот простор и како закупци и како управители на просторот, и тоа уште 12 години, ако се финализира договорот, за чии што детали преговорите се при крај.

Хрватските медиуми уште пред неколку месеци известија дека Tower Property Limited преговара со Агрокор, односно неговиот трговски дел Конзум за преземање на четири трговски центри во Хрватска, за преку 66 милиони евра.

Фондот од ЈАР има намера следните две години да вложи вкупно 200 милиони евра во Хрватска, исклучиво во деловни објекти и трговски центри. Инвестициите во Хрватска почнаа со купување на 15 катови од најголемиот облакодер во Загреб, кој што го изгради VMD групацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×