Митов му одговори на Лавров: Бугарија е гарант за територијалниот интегритет на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, и во тоа не може да има никакво сомнение, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов, одговарајќи му на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, кој вчера, во Парламентот во Москва, рече дека постои опасност во Македонија да се искористи албанскиот фактор од страна на противниците на политиката на премиерот Никола Груевски за невоведување санкции за Русија и поддршка за проектот Турски тек, за земјата да се подели.

Митов ја оцени како неодговорна и неприфатлива изјавата на Лавров дека се предлагаат идеи за поделба на Македонија меѓу Бугарија и Албанија.

„Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од огромно значење за нас и обидите на земји надвор од регионот за нејзино поткопување преку слични сугестии треба да бидат прекинати. Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и во тоа не може да има никакво сомнение“, рече Митов.

Лавров вчера во говорот во Парламентот во Москва рече дека откако во 2001 година е потпишан Охридскиот договор, сега се оди понатаму, кон идеи за федерализација:

„Многу е тажно и опасно дека за таа цел се прават напори да се искористи албанскиот фактор. Пред многу години имаше сериозни спротивставувања и тогаш (во 2001) беше потпишан Охридскиот договор, а сега се зборува дека Македонија треба да се федерализира уште подлабоко, дури се предлагаат идеи и да биде разделена – еден дел да биде даден на Албанија, а друг на Бугарија“, изјави Лавров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×