Љупчо Зиков: Митови и лаги за
Нова Година!

Многу одамна низ годините наназад на ова место пишував за македонските митови и лаги и за потребата што поскоро да ги закопаме, и да не дозволиме тие да не закопаат нас. Времето одминуваше ние како општество и економија не сакавме да се соочиме со тоа ... тоневме во криминал, корупција, партизации финансирање на погубни политички платформи, непотизми, фамилијарни врски и затварање на општеството во себе. Почнаа младите луге да си одат па немаше ни кој да прави просперитетни компании со кои ке се гордееме. Наследниците, пак, на овие „шампиончиштана„ од приватизацијата трошеја на автомобили и казина, на станови и куќи по Лондони, Солуни, Милана, Њујорзи (секоја чест на исклучоци кои останаа да ги работат компаниите од татко им и да ги подигнуваат), каде единствено можеја невидливо да глумат македонски џет сет (овде не биваше оти сите се знаеме кои сме), па потоа парите им станаа малку, па почнаа да продаваат делови од тоа што „приватизираа„. А тоа што го продаваа суштински не го изградија оти беше приватизирано во деведесеттите со туги пари, со приходите на фирмите што ги лапнаа, потоа со банкарски пари преку силен непотизам и корупција. Мораа така, оти немаа .... и прилично голтари влегоа во приватизацијата.

Во овој новогодишен број на Капитал ке ја проследите (по петти пат) листата на најбогати на Балканот која редовно ја изработува белградскиот магазин Неделник. На неја има многу малку компании и сопственици од Македонија и воочливо речиси истите секоја година. Тоа се можеби и најсупериорните македонски компании. За некои од нив (не сите) слободно можам да кажам македонската гордост, за кои достоинствено раскажуваме кога сме надвор од Македонија. Како за Алкалоид, на пример.

Но, да пишуваме малку за некои причини зошто немаме многу компании на листата од 105 најголеми компании во Балканот. Високо на листата се српските, хрватските и словенечките компании.

Една од причините е можеби малиот македонски пазар, плус неинтегриран на глобалниот европски пазар (на пример словенечките и хрватските компании се интегрирани на ЕУ пазарот и практично работат на 400 милиониот пазар на унијата, но српските не се интегрирани исто како и нашите).

Втора причина би можела да биде многу малата транспарентност на македонските преприемачи и директори од аспект на тоа на кој начин работат, и приходуваат, што директно влијае на структурата на приходи и профитот што го создаваат. Па оттука, прашањето е дали сакаат да се знае и да се гледа … Ако е тоа тогаш тој нагон и таков тип на размислување е прилично примитивно и бедничко, и кажува за нивната практична деловна неспособност за победничко размислување. 

Јас, на пример, лично мислам дека во Македонија работат многу повеке успешни компании од оваа „балканска листа„ на Неделник.

Но …..!?!

Но, да тргнеме по ред. Многу одамна низ годините наназад на ова место пишував за македонските митови и лаги и за потребата што поскоро да ги закопаме, и да не дозволиме тие да не закопаат нас. Времето одминуваше ние како општество и економија не сакавме да се соочиме со тоа … тоневме во криминал, корупција, партизации финансирање на погубни политички платформи, непотизми, фамилијарни врски и затварање на општеството во себе.

„Лордовите на контролираната нестабилност и корупцијата„, носители на државни функции и сопствениците на капиталот стекнат многу зезнато – Невидливиот Одбор на директори на Македонија – половина од „олошите„ што започнаа со амбициите на Кенеди, и завршија во оделото на Дон Корлеоне …. остатокот што започна како Дон Корлеоне и има амбиции да биде Кенеди …. Таа ревијата на духови ја насочи Македонија кон назадување на општеството и економијата. Но, она што за 35 години не го направи македонската мудрост (!?), ќе го направи сигурно македонската немоќ – како и обично (инспирано од Александар Тијаниќ пишувајки за српските работи).

Почнаа младите луге да си одат па немаше ни кој да прави просперитетни компании со кои ке се гордееме. Наследниците, пак, на овие „шампиончиштана„ од приватизацијата трошеја на автомобили и казина, на станови и куќи по Лондони, Солуни, Милана, Њујорзи (секоја чест на исклучоци кои останаа да ги работат компаниите од татко им и да ги подигнуваат), каде единствено можеја невидливо да глумат македонски џет сет (овде не биваше оти сите се знаеме кои сме), па потоа парите им станаа малку, па почнаа да продаваат делови од тоа што „приватизираа„. А тоа што го продаваа суштински не го изградија оти беше приватизирано во деведесеттите со туги пари, со приходите на фирмите што ги лапнаа, потоа со банкарски пари преку силен непотизам и корупција. Мораа така, оти немаа …. и прилично голтари влегоа во приватизацијата.

И така македонската економија се удави во митови и колосални лаги. Најголемата лага е дека „во македонската економија имаме слободна пазарна конкуренција, слободен и лесен пристап до финансии за инвестиции, и дека имаме деловна демократија”, на пример! Каква глупост.

И којзнае уште што има овде, што ќе дознаваме во годините нанапред. Како што своевремено дознавме од американската Комисија за хартии од вредност, како и од истражните органи на САД, и од Волстрит за митото дадено на македонски политичари како тие поенергично би го „бетонирале„ и би го чувале монополот на Македонски Телеком пред шест седум години!?

Но, животот е долг и животот е круг, како што велеше своевремено еден наш „шампион„ од приватизацијата,  па да видиме што ќе се случува … И една позната изјава на овие простори од еден наш „опеан шампион„ вели дека – „Вистината е како шило, врти, врти (покажува со прстот оздола нагоре н.з) и таа секогаш излегува на површина”! Затоа и не сакаат во ЕУ!

За ова и многу други нешта ке зборуваме и во подкастот – Капитал бизнис разговори со Зиков!

На пример, во претходните повеќе години приложивме прилична аргументација преку конкретните примери со гасот и топлинската енергија. Видовме како на мала врата, без многу работа се прават пари. Се зголемуваат маржи како им одговара во повеке важни индустрии, се добива поголем ДДВ за Буџетот.

Видовме како од позиција на моќ и нејасни односи меѓу приватниот сектор и државата се добиваат кредите од многу милиони евра за приватни фирми (па тие се оверуваат во еден видео подкаст на еден „мнооогу важен тип„ од македонската економија – дежурен матичар и оверувач кај бизнис и политичката олигархија)…

И којзнае уште што има овде, што ќе дознаваме во годините нанапред. Како што своевремено дознавме од американската Комисија за хартии од вредност, како и од истражните органи на САД, и од Волстрит за митото дадено на македонски политичари како тие поенергично би го „бетонирале„ и би го чувале монополот на Македонски Телеком пред шест седум години!?

Но, животот е долг и животот е круг, како што велеше своевремено еден наш „шампион„ од приватизацијата,  па да видиме што ќе се случува … И една позната изјава на овие простори од еден наш „опеан шампион„ вели дека – „Вистината е како шило, врти, врти (покажува со прстот оздола нагоре н.з) и таа секогаш излегува на површина”!

Затоа и не сакаат во ЕУ!

Вистините на еден начин и почнаа да излегуваат на површина. Оти ниту една сметка во кафеана не останала, а да не биде платена! Особено ако пијаниците во кафеаната и кршеле додека пиеле и „манџале”!

Сите се прашуваат од каде толкав степен на монополизација и картелизација во нашата економија!? Добро, за монополизацијата и за картелизацијата секогаш постои само еден објективен аргумент, а тоа е дека македонскиот пазар е прилично мал, земјата е прилично неразвиена од многу причини и овде практично поради малата потрошувачка, опстанокот на компаниите се врзува исклучиво преку монополско позиционирање (во нашиот случај ако се може и ако се има да се подмачка добро каде треба).

Но, вистинското прашање е зошто овде по долината на Вардар нема компании кои се мерат со балканските – со отворање нови пазари надвор од Македонија, преземање компании или градење нови капацитети, големи инвестиции во сродни бизниси, воведување нови производи, отворање нови работни места, лично усовршување на менаџерскисте тимови…

Сведоци сме дека од ова за дваесет години не видовме ништо!?

Наспроти ова, видовме: митот 1 – „големо тепање” околу приватизацијата, и „подрумски преземања”. Гола борба за имот во услови кога вредноста на компаниите паѓаше поради исклучиво лошите резултати на фирмите.

Оти со неработење и со афери тие забрзано поевтинуваа за да можат да бидат купени од јадна мала група. Откако ги купија, поради тоа што не знаеја да работат, мораше прво да се обезбедат доволно кредити како преку банките би се испумпала прилична количина пари.

За да имаше доволно пари за таквите стотина – владите во Македонија смислија (демек, ММФ така барал) стабилност на монетарен план, стабилност на денарот, ја умртвија економијата, а банките со изговор дека нема доволно добри проекти, парите ги насочуваа во малиот број компании создадени и одржувани на не до крај јасен начин.

Така се формираа македонските монополи – финансиски многу моќни, но без многу работа, и само поради тоа што голем дел од имотот го заложија во банките, и оттаму испумпаа пари (на банките им ја оставија недвижноста).

А за да можат да бидат финансиски издашни – да враќаат кредити земени за да приватизираат, потоа кредитите за обртни средства за да работат, како и кредити за евентуално малиот број нови проекти, тие мораше да остваруваат силни профити на мал и беден македонски пазар со никаква потрошувачка на граѓаните, и во услови на полна сиромаштија, невработеност и ниски плати за оние кои нешто работат. Брутална монополизација која трае и денес.

Ете, тука треба да се бара основната причина за тоа како се создаваа македонските монополи или картелите. А ова е и основната спојка со колосалната корупција на овие простори, која се генерираше како „состојба на умот” во последните дваесет години. Од сите влади. Сите тие играа со истите компании и со истите директори!?

Така, по дваесет години бедна македонска транзиција, епилогот е јасен: добивме „трапез на неформално управување со државата и процесите”! Сe овде е неформално… Изместени институции на управување. Де факто два премиери (македонски и албански), претседател на држава без некои посебни овластувања. Нокаутирана опозицијата. Демек, македонските граѓани имале политички избор и пазарна економија!!!

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ