Мицкоски попладнево ќе се сретне со Заев
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одлуката дали пратениците на партијата ќе се вратат во Собранието ќе ја соопшти по средбата со премиерот Зоран Заев, планирана за попладнево.

Во изјавата пред Собранието, Мицкоски рече дека „пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште не одлучиле дали ќе се вратат во собраниските клупи“, оти „сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со премиерот Зоран Заев“.

Тој потврди дека нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е Влатко Ѓорчев, „откако Илија Димовски се повлече“, за кој Мицкоски негира дека се повлекол поради незадоволство.

„На другите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ остануваат истите координатори“, додаде Мицкоски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на денешното обраќање на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во Собранието.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×