Мицотакис: Договорот од Преспа речиси ја даде на друг придавката „македонски“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Лидерот на Нов демократија, Кирјакос Мицотакис, говорејќи во Европскиот парламент за време на на активностите на Европската народна партија, се осврна и на Договорот од Преспа, а овој пат, акцентот го стави на производите кои го носат терминот „македонски“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека Договорот од Преспа речиси ја даде на друг придавката „македонски“, а уште еднаш го повтори ставот на најголемата грчка опозициска партија дека „признавањето на македонска националност и македонски јазик е најголемата грешка и длабока национална отстапка во однос на оние работи за кои преговараа претходните влади“.
12ï ÓÕÍÅÄÑÉÏ ÔÇÓ ÍÄ (2ç ÇÌÅÑÁ) (EUROKINISSI/ÃÉÙÑÃÏÓ ÊÏÍÔÁÑÉÍÇÓ)
– Гледате дека, за жал, континуирано се додаваат и нови проблеми за кои имавме споменато и кои ќе ги најдеме пред нас: идентитетот на македонските производи од Северна Грција денес е оспорен, бидејќи Договорот од Преспа, речиси ја даде на друг придавката „македонски“. Тоа значи, кога македонските производи доаѓаат на саеми во странство некои оспоруваат дека можат да се претстават на овој начин. Ќе биде потребна голема битка за да можеме да ја коригираме создадената тешка ситуација и да го одбраниме брендот на Македонија и грчките компании кои се базираат токму на ова име, кое што се идентификува со нашата Македонија, рече Мицотакис.
Лидерот на Нова демократија, Договорот од Преспа го спомена заедно со уште три други причини зошто граѓаните не треба да гласаат за Ципрас на следните избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×