Младите македонски брендови напредуваат на пазарот, разговор со Димитар Ристанчевски сопственик на Диер Дизајн
Објавено на од во Start-up
Не е потребно за секое ново патување да градите нов брод. Доволно е да ги смените курсот, и да го надоградувате вашиот, низ патувањата, со повеќе искуства. Доказ за тоа е младиот претприемач, Димитар Ристанчевски, кој започнува свој бизнис и гради свој бренд користејќи ги искуствата кои претходно ги стекнал низ неколку маркетинг агенции каде работел пред да започне да креира и гради свој сопствен бренд, Диер Дизајн.
01_1280x853По завршување на Економските студиите својата работна кариера ја започнува како координатор за БТЛ промотивни активности во неколку маркетинг агенции, и таму, како што вели, го забележува проблемот со кој што се соочуваат угостителските објекти, посебно вработените во индустријата.
Сите работни униформи, вели тој, кои што се користат во моментов се многу неудобни или се изработени од неквалитетен материјал со што вработените не ја уживаат комоцијата што би требало да ја имаат, ако се знае фактот дека нивниот работен ден е повеке од 10 активни часа.
Следствено на подигнување на квалитетот на униформите за работа, за Димитар следува и предизвикот за уникатните вкусови на новите генерации кои што преферираат да носат уникатни парчиња облека за свечени настани.
„Ние како држава со традиција во шивачката индустрија имаме достапност до квалитетни материјали и потребното искуство во создавање навистина квалитетни парчиња облека“, вели Ристанчевски на почетокот на разговорот.
Почетоците на Диер Дизајн
Итражувањето на пазарот, кое Ристанчевски го направил, му укажало, како што појаснува тој, дека потребата за уникатни парчиња облека се зголемува секојдневно.
Младата популација, вели тој, веќе не се согласува со универзалниот изглед којшто го пропагираат големите брендови.
Неговиот бренд, Диер Дизајн,е основан во 2016 година од млад тим на професионалци .Идејата била да се понуди поквалитетна услуга и нови уникатни производи со што крајниот клиент би бил, според зборовите на Ристанчевски,„супер задоволен“ и неговиот угостителски објект би бил препознаен по одличните услови за своите вработени и по уникатната дизајнирана униформа „со што угледот на локалот е на највисоко ниво“.
Диер Дизајн, објаснува Ристанчевски, е бренд кој обединува секаков тип на униформи по замисла на клиентот како што се медицински униформи, куварски одела, собарски одела, хигиенски одела,кошули, престилки, панталони, сакоа , хтз опрема, маици, како и луксузни одела од премиум материјали кои се изработуваат стрикно по мерка, како и по конкретна замисла.
„Потребата за уникатни парчиња облека се зголемува секојдневно. Младата популација веке не се согласува со универзалниот изглед којшто го пропагираат големите брендовите. Различноста и уникатниот препознатлив личен стил станува ‘’must have’’ во време на доминација на социјалните мрежи“, вели тој, споделувајќи ја почетната визија за неговиот бренд.
Први што му подале рака на почетокот од создавањето на својот бренд, Ристанчевски вели биле неговата фамилија и блиските пријатели.
„ Мојата цел е целото тоа патување да биде дигитализирано во целосен он-лајн бизнис каде мерките, материјалите и моделите би се селектирале преку дигитална е-комерс платформа“, објаснува тој, откривајќи ги плановите за иден развој на својот бизнис.
„Диер Дизајн од година во година напредува одлично на пазарот“, вели тој, и додава дека тоа е поради тоа што„клиентите веќе го препознаваат нашиот квалитет и иновативност“.
Од униформи до одела по мерка за политичка елита
Започнал со изработка на работни униформи. Но поради видливиот квалитет добива порачки за изработка на уникатни одела, изработени по мерка за политичари и личности од естрадата.
„Поединечни луксузни одела изработуваме најчесто за младоженци , кумови, матуранти како и за доста политичари и јавни личности од нашата естрада . Околу униформите најчесто работиме со македонски пазар и наши чести клиенти се: Хотелите Мериот, Холидеј Ин , Белви, Бест Вестерн , Лонж бар Бела Виста, Остера бар Портофино, италианскот ресторан Венето и други. Исто така клиенти ни се и ресторани и хотели од Германија,Швајцарија,Италија, Хрватска, Грција“, одговара Ристанчевски на прашањето со кого соработува и од кои му се пазарите и клиентите.
Говорејќи за македонскиот пазар, тој вели дека ситуацијата е далеку од розова, затоа што, како што вели, „Македонскиот пазар е целосно успорен и генерално новитетите ги прифаќаат не повеке од 10% од населението“.
Најголема причина за тоа, според него е„навиката и традиционалниот начин на живот“,но додава дека се осеќа благ раст на „earli adopters“ (н.з. назив за првите клиенти кои ги прифаќаат новитетите пред тоа дастане тренд).
„Секако тука има еден дел од новата Инстаграм генерација што неверојатно брзо се адаптира на светските трендови и пробува себеси да се етаблира како ‘’инфлуенсери’’. Инаку, да, соработувам со луѓе што се од стартап светот. Пред извесно време започнавме да соработуваме и со индивидуални изработувачи на високо квалитетни чевли, машни и манжетни, од Грција и Бугарија со цел да имаме целосен асортиман, потребен за совршен уникатен изглед на клиентот. Сепак,генерално кога зборуваме за стартапите, тоа се луѓе со маркетинг позадина со кои што имаме слични интереси и нашите индустрии се преклопуваат“, појаснува основачот на Диер Дизајн.
02_1280x823Во ерата во која тоа што бива покажано е поважно од тоа што е кажано, поважно од било кога, борбата за развој на сопствен бренд, е тоа што прави разлика помеѓу храброста и храбриот, што го разликува карактерот од претставата.
Она што Ристанчевски им го препорачува на сите оние што сакаат да започнат сопствен бизнис, е прво да се свесни дека ќе се соочат со најеродивниот проблем на нашето општество – ненавременото наплатување на веќе извршена услуга.
„Ќе се соочат со нелојална конкуренција како и со големи очекувања на луѓето за голем квалитет а за малку пари“, додава тој велејќи дека генерално тоа се најголемите проблеми со кои се соочуваат македнските фирми, од кое не се изземени и стартапите, кои таквата пракса ги прави многу ранливи во својот развој.
„Но секако Македонија е добра за да ја започнеш, тестираш и рализираш својата бизнис идеја со скромен буџет, а тоа дане ти одземе многу време“, во оптимистички манир го завршува разговорот соптвеникот на Диер Дизајн, Димитар Ристанчевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×