ММФ бара повеќе јавни инвестиции во земјите од Западен Балкан
Објавено на од во НАВИГАТОР
k31 WEB 956ММФ ја идентификува основната јавна инфраструктура што недостасува во регионот како значајна пречка за повисок економски раст. Подобри транспортни, енергетски и телекомуникациски мрежи ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан да ја зголемат продуктивноста, да се интегрираат подлабоко во крвотокот на глобалната трговија и да ја подобрат атрактивноста на регионот за странските инвестиции.

 

Земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија имаат недоволно развиени транспортни, електрични и телекомуникациски мрежи, во споредба со просекот на Европската Унија а затворањето на јазот во јавната инфраструктура ќе му помогне на регионот да ги достигне животните стандарди на Западна Европа, оценува ММФ во својот последен извештај. Аналитичарите на ММФ велат дека ќе биде потребно зголемено финансирање и од домашни и од странски извори како и подобро планирање и имплементација на јавни инвестициски проекти.

„ММФ ја идентификува основната јавна инфраструктура што недостасува во регионот како значајна пречка за повисок економски раст. Подобри транспортни, енергетски и телекомуникациски мрежи ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан да ја зголемат продуктивноста, да се интегрираат подлабоко во крвотокот на глобалната трговија и да ја подобрат атрактивноста на регионот за странските инвестиции. Анализата покажува дека регионално координиран притисок врз јавната инфраструктура, заедно со подобро управување на конкретните проекти, би можело значително да го зголеми приходот по глава на жител. Долгорочната добивка на реалниот БДП по човек би можела да достигне и до 3-4 процентни поени“м оценува ММФ.

Но, достигнувањето на инфраструктурните нивоа на ЕУ е тешко: јавните инвестиции бараат прилично големи буџетски ресурси и силни институционални рамки кои го регулираат изборот, извршувањето и следењето на проектите. Овие два услови во голема мера, според ММФ недостасуваат во земјите на Западниот Балкан. Повеќето земји во регионот веќе имаат високо ниво на јавен долг, а некои имаат висок буџетски дефицит. Потешкиот пристап на меѓународните пазари на капитал ја ограничува ликвидноста и управувањето со јавните инвестиции е исто така слабо, заклучува ММФ.

И покрај пречките, потенцијалните придобивки од подобрување на инфраструктурата јасно укажуваат на потребата земјите од Западен Балкан да инвестираат во модернизација на нивните транспортни артерии како и во енергетската и телекомуникациската инфраструктура.

ММФ препорачува зајакнување на капацитетот за планирање, избирање и спроведување на инфраструктурни проекти што би обезбедилe сигурност во поглед на тоа дека расположливите ресурси ќе бидат подобро искористени и би ја подобриле способноста на регионот да го апсорбира достапното финансирање од страна на донатори.

„Важно е исто така, инфраструктурните проекти да не станат жртви на политизација. Земјите можат да го избегнат тоа со воспоставување на планови за јавни инвестиции врз основа на конкретни, мерливи цели и методологии за транспарентно оценување. Многу од инфраструктурните мрежи се протегаат преку границите. Поради оваа причина, ќе биде од суштинско значење подобра регионална координација на инвестициските проекти“, велат од ММФ.

Во извештајот, се сугерира и Владите да создадат дополнителен простор за маневрирање преку проширување на нивната даночна основа (со елиминирање на исклучоците и даночните олеснувања) и зајакнување на усогласеноста со даноците, при што и двете резултираат во зголемување на приходите.

Надворешното финансирање, според ММФ, би требало да одигра поголема улога во развојот на јавната инфраструктура во земјите од Западен Балкан, оставајќи ги домашните финансиски ресурси да им служат на потребите на приватниот сектор. Официјалното донаторство, мултилатерално и билатерално финансирање врз концесиски услови ќе мора да одиграат доминантна улога, особено во земјите со високо ниво на јавен долг, сугерира Фондот.

„Земјите не треба да ја загрозуваат нивната севкупна макроекономска стабилност преку преамбициозни или слабо извршени проекти за јавна инфраструктура. Размерите помеѓу економскиот раст, инфлацијата и надворешните дефицити на тековната сметка треба да бидат клучен елемент за секоја политичка дискусија во врска со зголемување на јавната инфраструктура во регионот“м пишува во извештајот на ММФ.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×