ММФ: Економијата годинава со раст од 3%
Објавено на од во Економија
Три проценти раст на домашната економија за годинава прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Глобален извештај.
mmf1За наредната година прогнозата за растот на БДП во Северна Македонија е 3,1 отсто, а до 2024 година да достигне 3,5%.
Од земјите во регионот годинава највисок раст е предвиден во Косово 4,2 отсто, Албанија 3,7%, Србија 3,5%, Бугарија 3,3%, Црна Гора 2,8% и Хрватска 2,6%.
Во наредната година највисок економски раст ќе имаат Србија и Косово четири проценти, Албанија 3,9%, БиХ 3,2, Бугарија 3, Хрватска и Црна Гора 2,5 %.
ММФ во најновиот извештај ја намали глобалната прогноза за растот годинава на 3,3% што е најмал раст од 2016 година. Претходната проекција беше 3,5%. Причини за намалениот раст се трговските тензии од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, како и економските проблеми, пред се во богатите земји.
Понизок раст ММФ предвидува и за најсиланта светска економија американската, од претходно проектираните 2,9 на 2,3 %.
Во еврозоната растот годинава ќе биде 1,4%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×