ММФ и официјално го призна јуанот како резервна валута
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

dollar euro yuanОткако минатата недела светските медиуми пишуваа дека Кинезите нетрпеливо го очекуваат 30 ноември кога ќе се оствари сонот на политичарите и економистите од најнаселената држава, Бордот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да го вклучи јуанот во резервните валути  тоа вчера и официјално се случи, пренесува балканска АлЏезира.

Во Кина, ваквиот став на ММФ го сметаат и како официјално признавање на Кина како економска сила.

Сепак, ваквиот нов статус, кинеската валута ќе почне да го ужива од 1 октомври следната година. Ова откако ММФ конечно заклучи дека јуанот ги исполнува сите критериуми за резервна валута, како што соопшти директорката на ММФ, Кристин Лагард.

Држави како Франција и Велика Британија веќе ја поддржаа одлуката за вклучување на јуанот во резервните валути, а Reuters пренесе дека на иста позиција се и САД.

Глобалните девизни резерви се драстично намалени и затоа вклучувањето на јуанот во листата резервни валути, на која се доларот, еврото, фунтата и јенот, би можело да ја поправи ситуацијата. Моментално ништо не може да ја загрози „власта“ на доларот, но засилувањето на јуанот, особено ако се земе предвид обемот на кинеската економија, би можело да значи крај на хегемонијата на американската валута во светскиот финаниски систем. Во деведесеттите години од минатиот век, пред да биде воведено еврото, доларот правеше 71% од валутните резерви. Сега овој удел е паднат на 64%.

Но, пред десет и половина години и Европјаните се надеваа дека еврото ќе се изедначи со доларот и оти нивната валута ќе му конкурира на доларот. Но, должничката криза ги поремети сите планови. Се очекува дека кинескиот јуан најверојатно ќе го потисне слабото евро, но не и доларот. Истражувањата покажуваат дека во август јуанот го потиснал јапонскиот јен. Но, јуанот има и слаби страни, што се покажуваат, на пример, во истражувањето од септември, кога кинеската валута загуби и од британската фунта и од јапонскиот јен. Треба да се каже и дека 2,8% воопшто не е многу, колку што беше во август учеството на јуанот во глобалниот систем на плаќање, ако се земе предвид капацитетот на кинеската економија. Но, темпото на растот е зачудувачко; на пример, во 2012 година овој удел бил само 0,8%. Секако дека веќе во догледно време јуанот ќе ја престигне фунтата и ќе стане трета светска валута. Но, ниту еден аналитичар не би можел да каже кога кинеската валута ќе ја предизвика американската „еден на еден“. Во слична битка знаеме како помина еврото.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×