ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ 2 отсто од глобалната економија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Давањето мито „јаде“ нешто помеѓу 1.500 и 2.000 милијарди долари годишно на светско ниво, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се вели во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за влијанието на корупцијата врз економијата, пренесува France Press.

Корупцијата, митото и другите облици на измами, кои се заеднички и кај богатите и сиромашните земји, го ограничуваат економскиот раст и ги поткопуваат официјалните политики на владите, пишува во најновиот извештај на ММФ.

Во говорот, подготвен за денешниот глобален антикорупциски самит во Лондон, директорката на ММФ, Кристин Лагард, истакнува дека се повеќе лидери во светот отворено бараат помош во борбата против корупцијата.

„Сиромаштијата и невработеност подеднакво можат да бидат симптоми од хроничната корупција“, се вели во говорот на Лагард.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×