ММФ: Македонскиот банкарски систем е стабилен
Објавено на од во Економија
Во текот на изминатите години е зајакната ликвидноста и капиталната позиција на македонскиот банкарскиот систем,  што сега остава  доволен простор тој да ги апсорбира евентуалните загуби поради корона-кризата, без притоа да биде загрозена неговата стабилност.
ММФ слика
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го објави Извештајот за Македонија, подготвен при носењето на одлуката за финансиска поддршка преку Инструментот за брзо финансирање. Во Извештајот е констатирано дека пред да започне пандемијата на ковид-19, основите на македонската економија се оценети како здрави. Според ММФ, тоа е видливо преку солидниот и дисперзиран економски раст, одржливата надворешна позиција, како и висококапитализираниот и ликвиден банкарски систем, со ниско учество на нефункционалното во вкупното кредитно портфолио.  Понатаму фокусот  е ставен на очекуваните ефекти од актуелниот шок од неекономски карактер, при што досега преземените мерки и активности за поддршка на економијата, се оценуваат како соодветни.
Во однос на монетарната политика, констатирано е дека засега треба да остане релаксирана, при што како и досега, Народната банка треба да го задржи својот фокус на понатамошно одржување на стабилноста на девизниот курс. Мерките поврзани со банкарскиот систем се оценети како прудентни, оставајќи простор за реструктуирање на кредитите на најпогодените сектори, со истовремено засилено следење на перформансите.
„Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет.“ – нагласено е во Извештајот. Притоа, од ММФ посочуваат дека во текот на изминатите години е зајакната ликвидноста и капиталната позиција на банкарскиот систем, што се потврдува и преку адекватноста на капиталот на крајот на минатата година, којашто изнесува 16,3%. Остварувањата и перформансите што ги има, како што е наведено во Извештајот, сега оставаат доволен простор банкарскиот систем да ги апсорбира евентуални загуби заради корона-кризата, без притоа да биде загрозена неговата стабилност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×