ММФ повторно песимист: Економијата продолжува да стагнира!
Објавено на од во Економија

Најголемите светски економии ќе се соочат со пролонгирање на времето на ниски стапки на раст и тоа уште повеќе ќе им го отежни животот и на владите но и на компаниите, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите најнови наоди кои што ќе бидат објавени во Годишниот извештај на претстојните Пролетни средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Според економистите, овие наоди на ММФ може да се преведат како продолжување на економската стагнација.

Проценките на Фондот се уште попесимистички за земјите во развој. „Забавувањето на економскиот раст ќе биде уште позначително во земјите во развој. Ако просечната годишна стапка на раст помеѓу 2008 и 2014 година во овие земји изнесуваше 6,5%, се проценува дека во следните пет години стапката ќе се намали на 5,2% годишно. Тоа значи дека владите во овие земји ќе се соочат со проблеми да ги наполнат државните буџети за да може да инвестираат повеќе и на тој начин да го поддржат развојот на економиите. Забавувањето го отежнува и потенцијалното намалување на даноци“, предупредува ММФ.

Фондот предупредува дека забавувањето на економскиот раст го стеснува просторот и на централните банки да ја релаксираат монетарната политика во пресрет на идните кризи.

ММФ кој што следната недела ќе биде домаќин на Пролетните средби во Вашингтон заедно со Светската банка, упати повик до креаторите на политиките да преземат мерки да го поттикнат растот преку зголемување на јавните инвестиции. Од земјите во развој ММФ бара да се спроведат структурните реформи во насока на подобрување на бизнис климата и инфраструктурата. ММФ потенцира дека е особено важно земјите да инвестираат повеќе во развој на образованието.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×