Со ова, Фондот му додели на Египет околу 10 милијарди долари вклучително со траншата од ноември 2016 година.

Меѓународниот монетарен фонд ја деблокира новата транша од заемот за Египет во износ од околу 2 милијарди долари, пренесе Франс прес, цитирана од светските агенции. Ова дојде по разгледувањето на египетската програма за економски реформи.
Со тоа ММФ му додели на Египет околу 10 милијарди долари од ноември 2016 година, кога египетските власти постигнаа со Фондот договор за план за помош во износ од 12 милијарди долари.
Минатиот октомври ММФ процени дека Египет постигнал голем економски напредок. Во јануари директорката на ММФ, Кристин Лагард рече дека ќе препорача на Извршниот комитет на институцијата да ја одобри новата транша од заемот и истакна дека Египет реализирал значителен напредок со цел постигнување на макроекономската стабилност.