Корупцијата ја нарушува пазарната економија, ги зголемува трошоците на глупавите инвеститори (претставени како неснаодливи) кои се дрзнале да инвестираат па мораат да трчаат во банките за да земат кредити со кои го плаќаат митото … Билансите им се нарушуваат, остануваат должни за данок во УЈП, па не можат да земат кредит за инвестиции и развој на својот проект или компанија. Малку ли е оваа штета …!!?? Затоа со години во македонскиот бизнис сектор едни те исти ви се главни бизнисмени, за нив секогаш има пари и во државата и во банките, каматите се специјални за нив, главни инвеститори во се’ (во се’ се вмешаа и се радуваат како деца на цреша) … се’ почнува од нив и се’ завршува кај нив … Сите глупави, само тие паметни. И сето тоа влече корени во раните деведесетти …!?
Овде само ќе цитирам еден голем српски новинар и колумнист, наш колега, кој во една своја книга го напиша следното – Лордовите на мафијата, носители на државни функции и сопствениците на капиталот – тој невидлив управен одбор на Србија (се разбира ова не важи за Македонија … хахаха) – половина од нив „олоши„ кои тргнаа со амбиции да бидат Кенеди, а завршија во оделата на Дон Корлеоне, и остатокот од нив кои почнаа како Дон Корлеоне, а имаа амбиција да бидат Кенеди … Тоа е таа галерија на „зли духови„ кои во минатите години и децении ја насочи Македонија во правецот – назад … Токму тие го „окупираа„ и судството, а што е пострашно обвинителството! Ајде прво ова да го смениме премиере …
Според информациите утрово во Македонија пристигнува делегација од Бугарија составена од министри, експерти, професионалци. Меѓу нив ќе биде и еден интересен лик кој, барем мене, покрај премиерот Кирил Петков ми изгледа прилично интересна фигура во новата бугарска влада … Даниел Лорер е министер за иновации и раст во кабинетот на Петков. Министерството што тој го раководи е новоформирано, Ќе покрива активности кои досега беа во надлежност на Министерството за економија и Министерството за финансии – како што се привлекување инвестиции преку Бугарската агенција за инвестиции, како и ќе управува со Фондот на средства и средствата на Бугарската банка за развој. Пред да стане министер, Лорер работел како партнер во фондот за ризичен капитал BrightCap. Студирал бизнис администрација на Универзитетот во Тел Авив.
Разгледувајќи ја неговата биографија, како и позицијата што ја има во новата бугарска влада, особено – ефектно дефинираните надлежности, заклучувам дека во Македонија Лорер доаѓа „офанзивно„ … да ги снима можностите за соработка во клучните области за растот на двете економии (македонската и бугарската) – инвестициите и финансирањето на проекти.
Од поодамна тврдам дека, како ќе одминува времето Македонија и Бугарија се повеќе ќе ги поврзува токму оваа точка, а се друго ќе паѓа во втор план. Мојот личен став е дека ова е добриот правец кој за двете економии и општества носи многу можности. Анализите покажуваат дека бугарската економија инвестирајќи повеќе во македонската економија освен чинот на инвестициите добива и пошироки можности за зголемување на сопствениот пазар … а преку Македонија и поенергично влегување на албанскиот и косовскиот пазар по линијата на Коридор 8. Веројатно слична би била логиката и за поголеми инвестиции од страна на македонските компании во бугарската економија. Ова е простор каде само небото е лимит.
Она што е познато, а имавме прилика да прочитаме во интервјуто во последниот број на Капитал, кое го пренесовме од угледниот софиски бизнис магазин Капитал – Лорер се повеќе зборува за нивото на странски инвестиции во бугарската економија (но не и за ИТ индустријата … тој тука има малку поразличен став од општото мислење). Но, за се ова погоре ќе пишувам во друга прилика наскоро.
Овде ќе се задржам за една друга тема за која тој зборува во ова интервју.
Корупцијата … за која има интересни размислувања. Ќе се согласиме дека корупцијата и во Македонија и во Бугарија, може да се смета за заедничка болест која и денес, но и во иднина може да се испречи како голема пречка во соработката, особено ако се земе во предвид нашите односи со ЕУ. Познато е дека повеќе фондови од Брисел за Бугарија се блокирани токму поради високото ниво на корупција, особено во високите нивоа на власта, која корупција потоа се децентрализира!? Европските фондови ги има и кај нас, а наскоро, се надеваме и ногу повеќе.
Тој вели за Бугарија, а ние велиме за Македонија, дека еден од главните проблеми во она што значи „екосистем„ за нормална продуктивна работа дури не е ни самата корупција. Туку видот на корупција. Каква е таа и каде е таа?
На пример Лорер посочува – ако замислиме совршена диктатура во која единствениот корумпиран е на врвот на пирамидата, корупцијата може да доведе дури и до одредена ефикасност. Плаќате што е потребно за да го остварите тоа и ќе го достигне врвот на пирамидата!? Тогаш корупцијата би била само еден вид данок …
Шашаво звучи, нели, ама веројатно би функционирало …
Некаков данок, да. Меѓутоа, кога корупцијата е децентрализирана, и за да се отпочне некаков проект во индустријата ви се потребни 200 дозволи, и секоја е издадена од друга институција која нема поттик да го направи тоа без да биде поддржана, тогаш инвеститорите се соочуваат со реален проблем. Инвеститорите (мали и големи, а малите особено се немоќни) не можат да предвидат колку треба да биде овој поткуп, не можат да предвидат колку чини нарушувањето на својата корпоративна дисциплина и влегуваат во голем ризик и огромни трошоци! Дали ќе има позитивен резултат или следниот во ред нема да им каже „аха, ти даде на првата станица ќе дадеш и овде. Ова е клучот зошто бизнис окружувањето во нашата земја е толку токсично за инвестирање, особено од страна во физички лица -инвеститори.
Или како што вели новиот македонски премиер Димитар Ковачевски: „Корупцијата го уништува системот на вредности – оние кои се чесни ги прави наивни, а оние кои се нечесни се прикажуваат како снаодливи„.
Јас на ова би додал, корупцијата ја нарушува пазарната економија, ги зголемува трошоците на наивните кои се дрзнале да инвестираат, па тие мораат да трчаат во банките за да земат кредити со кои го плаќаат митото, билансите им се нарушуваат, па не можат да земат кредит за инвестиции и развој на својот проект или компанија. Малку ли е оваа штета …!!?? И затоа со години во македонската економија едни те исти ви се главни бизнисмени, главни инвеститори во се’ (во се’ се вмешаа и се радуваат тие и своите деца како деца на цреша) … се’ почнува од нив и се’ завршува кај нив … Сите глупи, само тие паметни. И сето тоа влече корени во раните деведесетти … но има време, ќе пишуваме, по не знам кој пат, и за оваа тема.
Овде само ќе цитирам еден голем српски новинар и колумнист наш колега кој во една своја книга го напиша следното – Лордовите на мафијата, носители на државни функции и сопствениците на капиталот – тој невидлив управен одбор на Србија – половина од нив „олоши„ кои тргнаа со амбиции да бидат Кенеди, а завршија во оделата на Дон Корлеоне, и остатокот од нив кои почнаа како Дон Корлеоне, а имаа амбиција да бидат Кенеди … Тоа е таа галерија на „зли духови„ кои во минатите години и децении ја насочи Македонија во правецот назад … Ајде прво ова да го смениме премиере …
И како што вели Лорер – Во последните 30 години да создадовме правосуден систем кој не дава права, туку ги распределува правата на свои избрани луѓе. Не бараме кривична одговорност, напротив, таа е потисната и им помага на „нашите„ луѓе да го завршат својот дел од зделките. Како што сакаат да кажат во Русија: „Ние имаме „договори„ за пријатели, имаме закони за непријатели“. Сè додека системот работи селективно на овој начин, нема шанси некој да ги бара своите права. Кога не се гарантирани правата на сопственост, ништо не може да се случи. Рецептот е релативно едноставен, но бара парламентарно мнозинство, во некои случаи и уставно мнозинство. Антикорупциска комисија да гони и разоткрие случаите на шокантна висока корупција. Казнениот систем, обвинителството да го подготви предметот за судење за да помине и да го осуди сторителот. Звучи едноставно …
Или како што вели тој – поентата не е дека имате одлична природа, паметни луѓе, вкусна храна, четири годишни времиња, планини, мориња, ИТ инженери, машински инженери, туризам! Секогаш постои прашањето : ако ги вложам моите пари, што ќе биде со мене и со моите пари?
И така полека нема со кого да разговарате. На ниво на министри, заменици министри, на ниво на премиер, со години нема со кого да разговараме. И да зборуваш, ништо не следи, ништо не се случува, администрацијата не помага и бизнисот си вели: ќе ме рекетираат, а ако се случи нешто, оваа администрација очигледно не ја интересира.



















