Мнозинството Европејци сметаат дека ЕУ ќе исчезне за дваесет години
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
И покрај рекордно високата поддршка за Европската Унија кај граѓаните, тие не веруваат дека таа ќе опстои во наредните десет до дваесет години, според анкета на тинк тенкот Европски совет за надворешни односи, ЕЦФР.
maxresdefault (1)Граѓаните во Словачка, Франција, Романија, Полска и Италија се на врвот на листата на песимисти за иднината на ЕУ, со над 50 отсто луѓе убедени дека таа ќе се дезинтегрира до 2040-та година. Додека пак Шпанците, Швеѓаните и Данците остануваа поголеми оптимисти, иако и таму околу 40% граѓани мислат дека ЕУ нема да постои за дваесет години.
Третина од испитаниците во Франција и Полска мислат дека е можна војна во ЕУ.
Анкетата доаѓа една недела пред стартот на круцијални избори за Европскиот Парламент каде многумина стравуваат од загрижувачки подем на екстремната десница и популистите.
Песимизмот кон ЕУ е најсилен кај оние кои планираат да гласаат за екстремната десница на изборите или кои воопшто немаат намера да гласаат.
Паралелно, ЕЦФР констатира дека европските граѓани се соочуваат со влошена финансиска состојба и дека во некои земји дури третина од нив немаат доволно пари на крајот на месецот.
Останува дека, според последниот Евробарометар, две третини од Европејците имаат позитивни чувства кон Европската Унија, што е највисока регистрирана стапка од 1983-та година. А над 90 отсто од граѓаните во ЕУ сметаат дека ќе изгубат многу ако колабира Европската Унија, посебно во делот на слободната трговија, и слободното движење во другите земји на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×