МНР ќе потроши 24 илјади евра за сервисирање на службените возилата
Објавено на од во Политика

Министерството за надворешни работи ќе потроши нешто повеќе од 24 илјади евра за сервисирање на возниот парк со кој располага министерството.

Станува збор за договор во времетраење од една година, а тендерот го добил Друштвото за одржување и поправка на моторни возила МЕХАТРОНИКА Дооел експорт импорт Скопје.

За тендерот биле доставени 15 понуди, а проценетата вредност на истиот изнесувала скоро 21 илјада евра, односно три илјади евра помалку отколку вредноста по која е склучен договорот.

Инаку, според информациите објавени на Бирото за јавни набавки, станува збор за сервисирање на 13 автомобили: Мецедес Е430, Мецедес Е240, два Фиат Пунто автомобили, Фиат Брава, Циторен Ц5, Пасат, Транспортер комбе, Опел Вектра, БМВ, Голф,  Шкода Суперб и Шкода Октавија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×