Мобилни апликации и осигурување на побарувања најсвежи новитети на пазарот
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

x-defaultКако до повеќе клиенти  

Еуролинк осигурување ја воведе првата мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар, а Триглав осигурување се пионери во понудата на осигурување на побарувања.

 

Во борба да се освои што поголем удел на пазарот што “тежи“ над 140 милиони евра годишно, осигурителните компании воведуваат нова понуда, досега непозната за македонскиот пазар, или пак ги надополнуваат веќе постоечките понуди со нови услуги.

Во Триглав осигурување, на пример, сметаат  дека од особена важност за нивниот развој како компанија се одличните резултати кои што ги постигнуваат  во делот на услугите, кои што, како комплементи на постоечки производи и претставуваат додадена вредност за клиентите.
“Тоа се автомобилската и домашната асистенција, кои што ги воведовме минатата година и кои што имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на нашите клиенти.“, вели Ѓорѓе Војновиќ, генерален извршен директор на Триглав Осигурување.

Тој истакнува дека, покрај доброволното здравствено осигурување што го воведоа пред две години,  дополнително годинава развиле и  нов производ, кој што одговара на барањата на пазарот. Имено, Триглав е првата осигурителна компанија во Македонија која што во својата понуда го вклучи и производот осигурување на побарувања, за кој што постои голем интерес, според Војновиќ. “Осигурувањето на побарувања пред сè претставува заштита од ненаплатени побарувања, кои што во принцип значат загуба за една компанија. Овој производ има влијание врз многу сегменти од работењето на една компанија, бидејќи, покрај основната заштитна улога, тој овозможува и подобрување на перформансите во работењето, а интересот што корпоративниот сегмент го покажува за овој производ говори дека компаниите ги препознаваат придобивките што ги нуди осигурувањето на побарувања.“, вели првиот човек на Триглав Осигурување.

Промотивни понуди за осигурување на домот и за еден денар дневно

Во Еуролинк Осигурување велат дека  интензивно работат на зголемување на уделот во незадолжителните типови осигурување, како преку директна теренска промоција на истите, така и преку креирање на продукти кои сосема кореспондираат на потребите и клиентите.

“Континуирано ги ревидираме нашите продукти и ги правиме подостапни за клиентите, но креираме и нови и иновативни канали за нивно пласирање до целата популација. Секако, за подобри перформанси и за реален раст на целиот пазар од големо значење е и реален раст на економијата.“, вели претседателот на УО на компанијата, Марија Томеска.

Таа додава дека токму  оваа година компанијата го слави својот 15-годишен јубилеј и во таа насока на граѓаните им нуди  роденденски промоции за продуктите, па така граѓаните можат да го осигурат својот дом за само 1 денар дневно во првата година со Доми Комплет, добиваат 30% попуст за Бизнис комплет пакетите, имаат посебни поволности за семејното приватно здравствено осигурување, итн.

“Оваа година Еуролинк стана уште подостапен за сите, воведувајќи ја првата мобилна апликација за осигурување во Македонија, која е достапна бесплатно, и им овозможува на граѓаните на наједноставен начин и во движење да си обезбедат сигурност. Ова е инвестиција за иднината, која ја гледаме во целосната дигитализација на осигурувањето.“, вели Томеска.

Во Еуролинк следниов период продолжуваат со промоција на неживотните типови на осигурување, тука пред с$  мислат на семејното приватно здравствено осигурување за семејствата во Македонија кои сакаат да обезбедат поквалитетна  здравствена заштита, но и на промоција на колективното приватно здравствено осигурување кое на компаниите им нуди моќна алатка за мотивација и бенефит за нивните вработени, при тоа овозможувајќи им да имаат соодветна здравствена заштита.

“Сметаме дека сѐ уште постои огромен неискористен потенцијал во неживотното осигурување, и токму затоа сме насочени кон негова промоција и унапредување, со цел доближување до сите граѓани.“


^874FBDB592C 942 WEBПолисите за животно осигурување на македонските граѓани “тежат“ 1,25 милијарди евра
На второ место во финансиската актива на македонските физички лица, после депозитите во банка,  се полисите за животно осигурување, коишто на крајот од 2016 година вределе 1,25 милијарди евра.

Македонските домаќинства на крајот од минатата година располагале со финансиска актива вредна 6,5 милијарди евра, покажува Извештајот за финансиска стабилност што го изработува Народната банка на Р. Македонија – НБРМ. Толку е вкупната вредност на с$ што македонските граѓани поседувале од финансиски карактер или  кога ќе се соберат на купче тоа се парите што ги чуваат во банка, акциите, средствата во приватните пензиски фондови, полисите за животно осигурување, готовите пари во оптек, средствата во отворените инвестициски фондови и државните хартии од вредност.
Од овие 6,5 милијарди евра, повеќе од половина, или 56% се депозити на домаќинствата во банките и штедилниците. На второ место според вредноста, верувале или не, се полисите за животно осигурување, коишто на крајот од 2016-та “тежеле“ 1,25 милијарди евра. Ова не треба да се меша со износот на брутополисираната премија во компаниите за животно осигурување, која што на крајот од минатата година, според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето – АСО, изнесувала околу 20 милиони евра. Затоа, кога ќе се каже дека пазарот за животно осигурување стигнал до вредност од 20 милиони евра, се мисли токму на вредноста на премиите што граѓаните ги уплаќаат за своите полиси. Вложувањата на домаќинствата во полиси за животно осигурување се најбрзорастечката компонента на финансиската актива, чијашто апсолутна промена е повисока од промената на депозитите на домаќинствата, забележуваат аналитичарите на НБРМ.


Drawing a chartДа илустрираме колкав е потенцијалот за раст на неживотните незадолжителни осигурувања

Само 6% е уделот на осигурувањата од пожар и други опасности во вкупниот осигурителен пазар во Македонија.

Само 2,7% е уделот на осигурувањата од општа одговорност во вкупниот осигурителен пазар во Македонија.

Само 0,89% е уделот на доброволното здравствено осигурување во вкупниот осигурителен пазар во Македонија.

Само 0,43% е уделот на осигурувањето на финансиски загуби во вкупниот осигурителен пазар во Македонија.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×