Мобилните телефони нѐ прават поглупави
Објавено на од во hi-tech & business

Мобилните телефони денес овозможуваат, но и поттикнуваат постојан прилив на информации кон корисниците, и со апликациите и другите можности неспорно се од голема помош во многу ситуации.

Меѓутоа, тоа го прават така што заземаат одредена количина „простор“ во когнитивниот процес на мислење, и така корисниците ги прават „поглупави“.

Водени од овие премиси научниците од Универзитетот Тексас во Остин спровеле истражување меѓу 600 корисници и ги споредувале резултатите во зависност од тоа каде во моментот на истражувањето се наоѓал нивниот мобилен телефон.

Испитаниците решавале математички задачи и истовремено морале да запаметат низа зборови што полека растела. Сѐ ова го повторувале три групи испитаници. Членовите на едната имале мобилен телефон покрај себе на масата; на другата им бил во џеб или во торба; а на испитаниците од третата група им било кажано мобилните телефони да ги остават во друга соба. Сите телефони биле поставени во тивок режим на работа.

Уверливо најдобри резултати во поставените задачи имала групата која мобилните телефони ги оставила во друга соба, додека најслабо биле пласирани корисниците со мобилен на масата до нив.

Резултатите на истражувањето упатуваат дека самото присуство на мобилниот телефон влијае на когнитивниот процес. На луѓето постојано им е напамет дека мобилниот им е во близина и оти мораат да му обрнуваат внимание, иако од него не доаѓаат повици или известувања, што им ја намалува можноста за мислење на други работи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×