Могерини: Ако се затвориме за бегалците, не сме повеќе Европа
Објавено на од во Политика

Европската комесарка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека стариот континент е соочен со најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна. Европските порти не може да останат затворени за беглаците, оти, ако се случи тоа „ не сме повеќе Европа“, порача Могерини.

Ниедна земја, истакнува таа, не може сама да се соочи со овие предизвици, и секоја држава мора да го направи своети, со цел заедно да се совлада овој проблем, пренесува Танјуг.

Претходно, официјален Париз, даде силна критика за оградата која ја изгради Унгарија на границата со Србија нарекувајќи ја ограда каква што Франција не би изградила ниту за животни.

Официјална Будимпешта пак, соочена со зачестените критики на нејзина сметка, побара план од Германија за тоа како ЕУ треба да се справува со бегалците и правно да го објасни нивното движење низ Унијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×