Могерини: Балканот е еден од приоритетите на ЕУ – не е двор на Европа, туку самата Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека Балканот е еден од приоритетите на Унијата, оценувајќи дека годинава тензиите на Балканот загрижувачки пораснале.

„Годинава видовме дека тензиите на Балканот загрижувачки пораснаа, во различни моменти, во различни држави. Имавме моменти на криза, акутни кризи, но на крајот нашите партнери на Балканот секогаш успеваа да ја потврдат желбата и способноста да напредуваат на европскиот пат, на нивниот пат кон ЕУ. Секогаш!“, потенцираше вчера Могерини, на отворањето на конференцијата на амбасадори на ЕУ.

Таа истакна дека Унијата на овие земји им помагала, но тоа било нивна заслуга.

„Зошто? Поради тоа што верувам дека нивното население, нивното младо население тоа го бара од своите лидери и лидерите тоа многу добро го знаат. Можеби ќе биде тешко, можеби ќе биде предизвик, можеби ќе биде болно од време на време да се работи на помирување и добрососедски односи, но, на крајот на денот, ако тоа го бараат од вас (продолжување на евроинтеграциите), тоа мора да го обезбедите. И ние сме тука за да им овозможиме тоа да го обезбедат“, вели Могерини.

Таа истакна дека Балканот не е дворот на Европа, туку самата Европа, и дополни дека се лути секојпат кога на „пријателите на Балканот“ ќе им се каже дека се „на патот кон Европа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×