Могерини-Хан: Ја поздравуваме одлуката на Иванов – сега очекуваме брзо формирање реформска влада
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во заедничка изјава го поздравија врачувањето на мандатот за составување влада на лидерот на СДСМ, мандатарот Зоран Заев.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на господинот Заев, како важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што земјата ќе може конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на влада која ќе биде посветена на спроведувањето на сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети“, се вели во соопштението на Хан и Могерини.

Високите европски функционери, исто така, во името на ЕУ повикаа на сплотеност на партиите во враќањето на Македонија на евроатлантскиот пат и изразија подготвеност да ја поддржат новата Влада предводена од Заев.

„Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана и да работат заедно на заедничката агенда за реформи, за земјата да се врати назад на патот на евроатланската интеграција. Тоа е она што го луѓето сакаат и го заслужуваат. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата Влада во нејзините реформски напори“, потенцираат Хан и Могерини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×