Могерини: Ќе зажалиме доколку Балканот наскоро не влезе во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Шефицата на европската дипломатија во заминување Федерика Могерини ја повика Унијата да го задржи силното присуство на Западен Балкан за остварување на јасниот интерес-воведување на целиот Балкан во ЕУ.
могерини„Убедена сум, доколку тоа не го сториме, дека ќе зажалиме веќе за неколку години“, порача Могерини.
Во своето обраќање на годишната конференција на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, во Брисел, Могерини оцени дека влезот на Западен Балкан во ЕУ е прашање на повторното обединување на целиот европски континент и дека тоа му е потребно како на Балканот, така и на ЕУ.
„Имаме јасен интерес да го воведеме целиот Балкан во ЕУ. Сите знаеме дека е тоа долг, комплициран, секогаш интересен и разигран процес што ќе бара доста време, решавање на проблеми и многу политичка преданост од сите страни и одлучност“, наведе Могерини.
Таа го наведе примерот со прашањето на името на Северна Македонија оценувајќи дека тоа се постигна со залагањето на Атина и Скопје и со константна поддршка и охрабрување од ЕУ.
„Истото важи и за целиот Балкан. Ќе ни треба храброст, лидерство и упорност, како и тоа таму да го задржиме нашето константно присуство, што значи секој еден ден“, нагласи таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×