Могерини: Нема услови за продолжување на дијалогот Белград-Приштина без укинување на царините
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската Унија се надева дека завршувањето на преспанскиот процес помеѓу Атина и Скопје ќе создаде позитивна атмосфера и во соседните Србија и Косово.

mogerini 33

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за МИА изјави дека во моментов не се исполнети условите за нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина, сѐ додека не бидат укинат косовските царини за увоз на стоки од Србија.

„Рундите дијалог не се случуваат, јас ги свикувам и нема да свикам нова сѐ додека условите не се исполнети, а тоа е укинувањето на царините за производите од Србија и Босна и Херцеговина во Косово. Очекувам од косовските власти да ги укинат овие царини, изјави Могерини“.

Шефицата на европската дипломатија додаде дека во моментот кога ќе се исполнат условите, таа е подготвена „следното утро, следната недела, следниот месец“ да свика нов состанок на високо ниво за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.

Приштина кон крајот на 2018 воведе такси во висина од 100% за увозот на српски и босански производи во Косово, со што предизвика замрзнување на редовните рунди дијалог помеѓу српската и косовската страна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×