Могерини: Политичката и институционална криза да не се претвори во меѓуетничка
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Она со што се соочува Скопје е политичка и институционална криза, која сум загрижена да не се претвори во меѓуетничка криза“, изјави високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини, по дискусијата на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ за Република Македонија

„Нема да давам детали што некој министер кажа на денешниот состанок, но можам да кажам дека генерално сите министри ги поддржаа силно пораките што ги изразив во Скопје. Всушност, јас тоа го изразив и на состаноците со претседателот и со другите политички лидери, но и јавно, не само во име на ЕУ, туку и во име на генералниот секретар на НАТО. Колку сум загрижена? Сум. Но, се обидувам да се научам да одам над загриженоста и да видам потенцијал за решавање на политичката и институционална криза, бидејќи она со што се соочува Скопје е политичка и институционална криза, која сум загрижена да не се претвори во меѓуетничка криза“, истакна Могерини.

Високата претставничка на Унијата главната порака ја испрати до политичарите:

„Да не си играат со оган и меѓуетничка конфронтација, што ќе ја повлече земјата. Има инструменти за решение, како што е мудрост на претседателот, капацитетот на Парламентот да продолжи со избор на спикер и деблокирање на состојбата, за институционалната и политичка криза да се менаџира со инструментите што ги има Скопје, без мешање. Нормално, пријателите може да се грижат за состојбата и иднината на партнерите. Веруваме дека има можности да се излезе од институционалната криза. Има ресурси за тоа во Скопје, каде имав искрена и конструктивна размена за ова со сите политички лидери во Парламентот и со претседателот. Се надевам дека мудроста ќе надвладее“, порача Федерика Могерини.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×