Могерини утре во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, утре ќе ја посети Македонија во рамки на нејзината мини-турнеја низ балканските држави.

Во пресрет на посетата, високата претставничка на ЕУ изјави дека оваа нејзина мини-турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.

„За ЕУ, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон ЕУ, и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст“, порача Могерини.

Италијанката на чело на европската безбедносна и надворешна политика до 4 март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×