Могерини: Вучиќ и Тачи договорија да продолжат да работат на нормализација на односите и помирување
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини, соопшти дека денеска во разговорот (во Брисел, н.з.) со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, било договорено да продолжи работата на новата фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина за „нормализација на односите и помирување“.

Могерини рече дека Вучиќ и Тачи се договориле да се спроведат „конечните чекори“ за примена на договорот за правосудството постигнат во дијалог со посредување од страна на ЕУ.

Двајцата претседатели потврдија дека договорот за правосудството целосно ќе биде применет до 17 октомври.

„На тој ден судиите, обвинителите и судскиот персонал целосно ќе бидат вклучени во косовското правосудство“, изјави Могерини и наведе дека „вклучувањето на судскиот персонал ќе овозможи правосудството да биде спроведено ширум Косово и особено на подрачјето на Митровица“.

Високата претставничка на ЕУ наведе дека ја поздравува одново покажаната посветеност на двајцата претседатели на овој процес.

Могерини рече дека ЕУ, како и таа лично, се целосно определени за перспектива за влез на Србија во ЕУ, на Косово и на целиот регион, додавајќи дека напредокот на двете страни на патот кон Унијата цврсто е врзан за напредокот во дијалогот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×