Могерини: За чистата препорака заслужна Владата, но и соработката на опозицијата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Чистата препорака на Европската комисија е резултат на напорите на Владата, но и на соработката од страна на опозицијата, истакна високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, изразувајќи задоволство од враќањето на опозицијата во пратеничките клупи.

„Вие ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата има одговорност да ѝ отвори простор на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата оваа работа. Имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на вашата земја, имате колективна одговорност да соработувате во институциите за да постигнете резултати во националните приоритети“, им порача Могерини на македонските пратеници.

Додаде дека Македонија се вратила патот кон Европската унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа.

„Кога ќе се сетам што се случуваше тука, во Собранието пред една година, и што се случува сега, можам да кажам дека поминавте долг пат. Позитивно е што се вративте на патот, ја поминавте најлошата политичка и институционална криза, со која некогаш сте се соочиле. Препораката е големо достигнување за сите во земјата и таа е пред сѐ достигнување кое се постигна благодарение на одлучноста на секој граѓанин на оваа земја“, рече Могерини.

Таа ги пофали досегашните реформи, усвојувањето на законите во важните области, но повтори оти сега е потребно земјата да се фокусира на нивната имплементација.

Изрази уверување дека преговорите со Грција ќе доведат до решение за спорот за името, кое ќе ги задоволи двете страни и ќе биде основа за идната обединетост на европскиот континент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×