Могерини: Западниот Балкан е стратешки регион за Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Западниот Балкан е стратешки регион за Европа. Тој е Европа, иако уште во целост не е дел од Европската унија“, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска на состанок во Луксембург ќе разговараат за Западниот Балкан, а Могерини најавува дека ќе бидат разменети мислења како со „партнерите на Западен Балкан подобро да се соработува на заедничката безбедност и просперитетот“.

Могерини најави дека веќе утревечер, по усвојувањето на извештајот за напредокот на земјите што се во процес на евроинтеграции, ќе отпатува во регионот.

Таа овде ќе биде до 19 април, и ќе ги посети Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија.

Расправата на министрите за надворешни работи од ЕУ за Западниот Балкан се одвива со цел подготовка за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан што на 17 мај ќе се одржи во Софија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×