Мојата визија е Македонија да прерасне во дестинација за развивање на производи со глобален потенцијал!
Објавено на од во Интервју
 м-р Ирена Чаушевска, основач на првиот акцелератор Њу Менс Бизнис

Прептриемач. Менаџер. Мајка. Лидер. Интегратор. Иницијатор на промени. Превземач на ризици. Футурист. Човек од акција. Со пасија да го изгради старт-ап екосистемот во Република Македонија и во регионот на Централна и Југоисточна Европа. Вака на кратко може да се опише, Ирена Чаушевска која е иницијатор на првиот акцелератор во Македонија- Њу Менс Бизнис Акцелераторот. Таа не само што има успешна кариера, туку преку нејзините лидерски иницијативи, таа има визија Македонија да ја промовира како оутсоурсинг дестинација

- Почитувана г-ѓа Чаушевска, вие сте основач на првиот акцелератор во Македонија- Њу Менс Бизнис Акцелераторот. Како се роди идејата?

После 14 години искуство во менаџмент, финансово право, развој на бизнис, макретинг, медиуми, едукација и тренинг, одлучив да ја напуштам водечката позиција во една поголема корпорација и да го посветам своето знаење, ресурси, енергија и мрежа на деловни контакти за да го иницирам и основам првиот акцелератор во Македонија – Њу Менс Бизнис Акцелераторот. Одлуката да го прекинам мојот претходен работен ангажман и целосно да се посветам на основањето и водењето на акцелераторот како комерцијална компанија е ризична и одговорна но според мене и единствена исправна од причина што сметам дека на таков начин единствено ќе има легитимитет да им понудам знаење на младите претприемачи како да основаат и водат сопствени компании, а не доколку истото го правам од комфорот на корпоративен ангажман или користејки бенефиции резервирани за невладиниот сектор.

- За помалку од една година Њу Менс прераснува во силна институција која овозможува поддршка, тренинг и менторство на основачите на старт-ап и спин-оф компании од целиот регион. Може ли да ни кажете нешто повеќе околу вашиот начин на работа и изборот на менторите?
Њу Менс овозможува поддршка, тренинг и менторство на основачите на старт-ап и спин-оф компании од целиот регион како и специјализирани обуки за стручно оспособување во 9 различни области преку 3 академии, и тоа за компјутерски науки, креативни технологии, мрежи и сајбер безбедност во рамки на кои досега се одржани преку 2000 часа настава по 80 различни предмети. Њу Менс е лоциран во Скопје на простор од 300 м2 и соработува со 26 тренери и 12 ментори при изведувањето на своите програми. На моја иницијатива Акцелераторот досега има реализирано и над 40 бесплатни инспиративни и едукативни сесии за професионално насочување на младите од Македонија, на кои имаат присуствувано над 1.800 учесници.
Огромно внимание посветувам при изборот на тренерите и менторите и инсистирам тоа да бидат професионалци од индустријата со цел студентите и претприемачите да се стекнат со разновидно но пред се практично искуство како и со значајни деловни релации кои ќе им користат во натамошниот развој на кариерата.

- Вашиот уникатен пристап за тренинг и менторство на основачите на старт- ап и спин- оф компании веројатно е привлечен за многумина. Кои компании се ваши соработници?

Ваквиот пристап овозможи во редовите на компании соработници на Акцелераторот да се вбројуваат компании како Феро Инвест, АјБорн, ФХ3Х, Хаселт, Вокс Тенео, ЕДС, Солаборате, АјСоурсе и други, кои за студентите од ЊуМенс ќе понудат и можности за практичен ангажман, истражувачки проекти и вработување. Во организациите соработници на ЊуМенс се вбројуваат и Британскиот Совет Македонија со кои работи на развивање на официјални квалификации според Националната рамка за класификација и Европската рамка за класификација, како и ЈЕС мрежата на УСАИД со мандат да ги зајакне вештините за вработување на младите од Македонија и да ја зголеми понудата на работна сила во земјата.

- Кој во моментот ја посетува наставата на вашата Академија?

Во моментов наставата на Академиите ја следат 40тина студенти, а 16 старт-ап тимови се дел од Старт-ап центарот од кои 9 од Македонија, 5 од Словенија и по 1 од Србија и Хрватска. Освен поддршка за развивање на производите, стартап центарот нуди и посредување за пристап до финансии од извори во Македонија, регионот, но пред се од Западно-Европските земји и САД. Акцелераторот интензивно се подготвува да ги понуди своите академски и претприемачки програми и на англиски јазик преку онлајн платформата Knowbook на територија на целиот регион со цел сите оние кои немаат можност да престојуваат во Скопје да имаат пристап и бенефит до истите. Наставата на далечина ќе се реализира преку видео тутуријали но и преку групни и индивидуални менторски сесии.
Акцелераторот во моментов е дом и на 10тина млади претприемачи и фриленсери кои токму во неговите простории за заедничко работење (co-working space) ги развиваат своите производи и ги градат своите производи и услуги.

- Вие сте една од 10-те жени лидери во претприемништвото во светот избрани од страна на Меѓународниот совет за мали бизниси за 2014. Но од неодамна сте и главен партнер во организирање на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge на територија на Скопје. За што точно станува збор?

Да. Јас сум една од 10те жени лидери во претприемништво во светот избрани од страна на Меѓународниот Совет за мали бизниси за 2014 година. Член сум и е на мрежата за Југоисточна Европа на светски познатиот универзитет Харвард уште од 2006 година, а веќе трета година по ред сме главен партнер за организација на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge на територија на Скопје, а за прв пат оваа година и единствена во светот на која и е дадена доверба во соработка со локални партнери настанот да го организира уште на 9 други локации, и тоа: Тетово, Охрид и Битола, Приштина, Тирана, Белград, Загреб, Љубљана и Виена. На глобално ниво натпреварот ќе се реализира на 135 локации, а се очекува да учествуваат над 10.000 учесници. Ваквата можност дојде како резултат на одличните резултати кои младите од Скопје и цела Македонија ги постигнаа во 2014 година, кога со еден тим освоија 2ро место на глобално ниво, а беа на врвот на светската листата по вкупен број на креирани проекти. Станува збор за глобален натпревар кој е дел од официјалната програма на државната агенција на САД за истражување на вселената NASA за развивање и инкубација на иновативни идеи од целиот свет, и во рамки на кој ќе можат да се развиваат решенија за предизвици со кои се соочува оваа агенција од областа на Роботика, Истражување на вселената, Човекот и Земјата. Оваа година сум поканета да бидам дел и од централниот настан за натпреварот кој од 10ти до 12 април ќе се случува во Њу Јорк, САД, каде ќе има можност да разговарам со глобалните организатори на овој натпревар за можноста за понатамошна поддршка и акцелерација на најдобрите проекти од споменатите 10 локации.

По Њу Јорк патот ме води до Сан Франциско и Лос Анџелес каде треба да склучиме договори за соработка со фондови за ризичен капитал и индивидуални инвеститори кои би имале интерес за инвестирање во стартапи од Македонија и регионот, како и со компаниите и истражувачките центри кои студентите од ЊуМенс академиите ќе имаат можност оваа година за прв пат да ги посетат и да стекнат знаење што е најзначајно при креирањето на производи и услуги што ќе бидат конкурентни на глобален пазар.

- Освен тоа што сте иницијатор на првиот акцелератор во земјава, дел сте и од иницијативата на таканаречениот Бизнис 360 Boot Camp кој секое лето се одржува во Скопје. Ментор сте и на огромен број настани кои се организираат во земјава но и во странство. Кажете ни повеќе околу овие искуства?

Јас сум еден од иницијаторите на таканаречениот Бизнис 360 Boot Camp кој секое лето се одржува во Скопје и има за цел преку интензивна програма да им даде стручно знаење и корисни информации на младите заинтересирани за започнување на сопствен бизнис. Исто така сум ментор и на голем број настани кои се одржуваат преку целата година во Македонија и регионот и со задоволство го споделувам своето знаење со сите кои имаат потреба, како Старт-ап Викенд Скопје, Акцелераторскиот Камп во Осијек, Наградата за социјално претприемништво на Импакт хабот од Виена, а сум и првиот претприемач од Македонија што понуди индивидуални бесплатни менторски сесии за млади девојки на возраст до 26 години кои сакаат да ја унапредат својата кариера. Исто така сум и гостин предавач и панелист на бројни настани од регионот и пошироко.

- Очигледно е дека посветувате многу во градењето на вашата кариера но и имиџот на земјава со оглед на бројните иницијативи кои доаѓаат од ваша страна. Која е вашата визија?

Мојата визија за Македонија е таа да прерасне од оутсоурсинг дестинација, во дестинација за развивање на иновативни прозиводи и услуги кои ќе имаат потенцијал да се пласираат на глобален пазар. Силно верувам дека токму новите и мали бизниси ќе бидат движечка сила на економскиот просперитет на земјата во следните 10 години, главни креатори на нови работни места и примарна причина талентираните млади лица да останат во земјата затоа што ќе добијат можност да работат на креативни проекти со капацитет да направат регионален па и глобален импакт.

- На почетокот на мај месец се очекува да го издадете својот прв роман на македонски јазик под насловот “I am Enough”. За што точно станува збор?

На почетокот на мај се очекува да го издадам својот прв Роман на македонски јазик под насловот “I am Enough” кој преку мојата лична приказна ќе понуди практични совети пред се за жените кои се во исто време и мајки и претприемачи, како да ги надминат предизвиците што ги носи животот, да се издигнат над евентуалните грешки и загуби, и активно и свесно да се креатори на нивниот живот и кариера со цел постигнување самореализација и приватен и професионален успех. Во реализација на овој проект соработувам со младиот но искусен фотограф Горјан Гилевски, кој преку концептуални фотографии симболично ќе го прикаже развојот на дејствието во Романот. За овој роман веќе имам понуда за превод и на англиски јазик и за негова промоција и во САД.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×